Достапни линкови

Кризата го погоди земјоделието


Светската економска криза предизвика намалување на извозот и на откупните цени на земјоделските производи, велат од Асоцијацијата на земјоделци. Извозот ни е намален за десет проценти и странските фирми со кои соработуваме не ни го исплатуваат долгот, се жалат земјоделците.

Поради светската економска криза е намален извозот и се намалени откупните цени на земјоделските производи, велат во Асоцијацијата на земјоделци и Федерацијата на фармери. Кризата се чуствува речиси во сите гранки, но најмногу во градинарските култури. Помалиот пласман на странските пазари се создава вишок на земјоделски производи и поради тоа тие стануваат се поефтини и земјоделците остануваат без реална заработувачка, велат тие. Извозот ни е намален за десет проценти и странските фирми со кои
Цените во просек се намалени за 10 отсто, но проблемот е што не се плаќа. Незнам што ќе правиме, додека пари нема, нема да се откупува, а ако не се плаќа, неможеме да работиме
соработуваме не ни го исплатуваат долгот, вели сопственикот на една фирма од Струмица која се бави со одгледување на домати и зелка Ристо Христов.

„Економската криза многу влијае. Робата колку толку оди, има извоз, но не се плаќа. Цените во просек се намалени за 10 отсто, но проблемот е што не се плаќа. Незнам што ќе правиме, додека пари нема, нема да се откупува, а ако не се плаќа, неможеме да работиме.“

Како резултат на кризата се намалува куповната моќ на луѓето и тоа влијае директно врз цените и извозот на земјоделските производи, вели претседателот на федерацијата на фармери Ѓоко Данаилов. Неизвесно е како ќе заврши оваа година за нив, но едно е сигурно нема да биде успешна, вели тој.

„Имаме намалување на откупните цени на јајца, млечни производи, риба, житото, градинарските проиводи. Значи општо земено имаме во сите сектори во земјоделството, намалување на цените, а и на намалување на количните кои што се извезуваат од Македонија во други земји. Сето тоа директно се одразува на економската моќ на самите земјоделци.“

Без очекуваниот прилив на пари од странство оние земјоделци кои се бават со извоз нема да можат да продолжат со својот бизнис,
Имаме намалување на откупните цени на јајца, млечни производи, риба, житото, градинарските проиводи
вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев.

„Многу негативно влијае тоа што нема да ги пласираме производите, што значи нема да имаме очекуван финансиски ефект, што значи ќе биде тешко да продолжиме и натаму со работа. Мора да имаме некои парични средства за да ја почнеме наредната реколта.“

И од Федерацијата и од Асоцијацијата како и земјоделците се надеваат дека оваа тешка година ќе се преброди и дека нема да се одрази врз производството, наредната.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG