Достапни линкови

Скопскиот аеродром ги губи патниците


Аеродромот Александар Велики работи со намален број на патници, без национален авио превозник и без ниту една дирекна авио линија до некој од поголемите европски градови. Аеродромот, иако се најавуваше ја губи шансата да стане регионален.

Со значително намален бројот на патници, без национален авио превозник, a нема ниту дирекна авионска линија од Скопје до европските метрополи како Лондон, Париз, Рим, Брисел.. Вака функционира македонскиот аеродром. Единствена новина во последниве две години е неговото преименување во Александар Велики, но шансата аеродромот да добие нов имиџ се уште ја чека.
Па така наместо скопскиот да стане регионален аеродром приматот во меѓувреме го добија аеродромите во Тирана и Приштина. Од
Во ова време скопскиот аеродром имал околу 290 илјади патници, сега имаме околу 256 илјади. Намалување има секаде во Европа
таму беше и за очекување Александар Велики да почне да ги губи своите патници.

„Во ова време скопскиот аеродром имал околу 290 илјади патници, сега имаме околу 256 илјади. Намалување има секаде во Европа.“

Вели Орхан Рамадани, Директор на Јавното претпријатие за аеродромски услуги. Намалувањето на бројот на патници до некаде е и резултат и на превисоките цени на авионски билети. Компаниите кои нудам поефтини карти максимално се обидуваат да привлечат што поголем број клиенти. Немањето на национален авио превозник за една држава како нашата која се стреми да биде дел од европското смејство во најмала рака ја коцка шансата да ја промовира земјата надвор во светот што е еден голем минус, смета Горги Чачкиров, еден од директорите на МАТ. Токму ова авио компанија веќе подолг период има забрана за летање откако аеродомските власти оценија дека не ги исполнувал стандардите.

„Немањето на редовен авиопревозник или национална авиокомпанија, тоа значи стопирање на развојот воздухопловната гранка во државата.“
Прво треба да се реши политиката да не се меша и второ треба да се реши тие што одлучуваат за авиосообраќај да одлучуваат врз основа на квалитет


изјави Горги Чачкиров. Како и во многуте случаеви и во случајот со авио сообраќајот кога политика ќе ги замеша прстите тогаш наместо профит добивате финансиски загуби,а наместо промоција на државата како туристичка и бизнис дестинација Македонија само се добива лоша впечаток за оние кој ќе полетаат или слетат на Александар Велики.

„Прво треба да се реши политиката да не се меша и второ треба да се реши тие што одлучуваат за авиосообраќај да одлучуваат врз основа на квалитет.“

Посочува Вања Битуљану, поранешен директор на Аеродроми. Плановите за реконструкција и купување на аеродромот засега се замрзнати. Турскиот инвеститор ТАВ, кој изрази интерес да го земе под своја капа аеродромот сега е стопиран. Последните најави од Владата се дека ТАВ во Македонија да дојде во септември.
XS
SM
MD
LG