Достапни линкови

Битола ја сардисаа куни


Битола - Широк Сокак
Битола - Широк Сокак

Глутница куни, мали, крволочни животинки кои наликуваат на лисици, се појавија во Битола уништувајќи ја живината во градот. Одгледувачите на животни во битолската Зоолошка градина велат дека потрагата по храна е причина за зголемената појава на куни во градот.

Битола ја сардисаа куни. Се работи за мали, крволочни животинки кои наликувааат на лисици, а се хранат со живината во градот. Од нив најмногу страдаат гулабите. Се случува да направат вистински масакар во гулабарниците усмртувајќи по 40 и повеќе гулаби во една ноќ. Акција за нивно ништење не е преземена со години, а како последица на тоа тие се толку намножени што може да се каже дека ги има скоро во идентичен број колку и мачките низ градските улици, вели Гунер Али одгледувач на животни во битолската зоолошка градина. Досега добиле многу жалби од граѓани на кои животните им се населиле под покривите, каде се котат, вршат нужда и ги засмрдуваат домовите.

„Куната прави легло на места кои се безбедни за нејзините малечки. Брзо се плодат и даваат по 4 до 5 малечки одеднаш. Не се склони на
Нејзината појава се должи на тоа што дивиот зајак и еребицата, со кои најчесто се хранат, се во исчезнување по планините и полињата. Така, тие побараа спас во градовите каде ја напаѓаат живината, посебно гулаби и кокошки
болести и многу се отпорни.“

вели Али.
Неколкупати битолчани им носеле во зоолошката уловени куни за таму да бидат згрижени. Но, без успех зашто оваа животинка тешко се привикнува на живот во заробеништво и умира.

„Нејзината појава се должи на тоа што дивиот зајак и еребицата, со кои најчесто се хранат, се во исчезнување по планините и полињата. Така, тие побараа спас во градовите каде ја напаѓаат живината, посебно гулаби и кокошки. Ловците не ги ловат повеќе зашто нивната кожа не е вредна и слабо се плаќа.“

додава Али.
Бидејќи ова е проблем со кој Битола се соочува години наназад граѓаните сметаат дека е неопходно да се преземи поорганизирана акција за нивно истрабување. Пред три години куни и ласици за една недела заклаа над стотина гулаби во централното градско подрачје на Битола. Познавачите на состојбите велат дека најдобро е да се организира акција за нивно истребување преку ловните друштва, а претходно план за нивно уништување да донеси општината. Не може да се поништат со систематската дератизација, зашто отровот не е доволно силен за да ги усмрти. Досега општината немала програма за спас од куните, па тие на раат си прават легла по зградите и куќите. Најмногу ги има во постарите градски населби, Бајрот и Јени мале. Но, Битола не е единствениот град во кој врие од куни.Проблем со овие животинки имаат и некои од европските држави. Накотените куни секоја година ошетуваат илјадници автомобили во Австрија и Германија. Тие ноќе ги гризат жиците и цревата од автомобилите и предизвикуваат штети од краток спој и прегорување на моторите.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG