Достапни линкови

Како рецесијата влијае врз граѓаните?


Рецесија, негативна сапака на раст, рестриктивна монетарна политика и намалена куповна моќ на граѓаните. Ова се само дел од термините кои деновиве се споменуваат во медиумите во врска со економската состојба во Македонија. Се поставува прашањето колку овие негативни проекции ги чувствуваат граѓаните и како просечниот македонец реагира на рецесијата? Додека Владата и Народната
Рецесијата е една состојба, едно навестување кое автоматски создава една нервоза кај луѓето во однос на сите сегменти на нивниот живот. Создава еден тип на однесување малку поразличен, затоа што кризата не е присутна на секојдневно ниво
банка презентираат различни прогнози за иднината на домашната економија, дел од граѓаните тврдат дека ја чувствуваат рецесијата. Други пак велат дека за сега не се погодени од кризата.

,,Ние сме дојдени од Загреб, секако се чувствува да."
,,Па не толку многу, сеуште не."
,,Мислам дека се оди напред, нема лошо, но треба се да се усоврши."

Упатените велат дека рецесијата секако влијае врз добросостојбата на просечниот Македонец. Социологот Илија Ацески вели дека Македонците реагираат поинаку од жителите на развиените европски земји.

,,Рецесијата е една состојба, едно навестување кое автоматски создава една нервоза кај луѓето во однос на сите сегменти на нивниот живот. Создава еден тип на однесување малку поразличен, затоа што кризата не е присутна на секојдневно ниво"

Запрашан дали долготрајната транзиција кај Македонците предизвикува екстеранлност, имено дали просечниот Македонец смета дека неговата судбина зависи од надворешни фактори, Ацески одговара:

,,Реакцијата психолошка, повеќе патолошка. Може да биде усмерувана во различни насоки и во насока на оние кои владеат."

Во изминатиов период во јавноста се пласираат различни проценки за економската иднина на земјава. Владата и понатаму се надева дека во четвртиот квартал од годинава македонската економија ќе се опорави. Народната банка, од друга страна, предвидува дека куповната моќ на граѓаните ќе биде намалена поради зголемените каматни стапки на потрошувачките кредити. Од НБРМ предвидуваат и влошување на состојбите во приватниот сектор поради прогнозата за пад на инвестициите за 25 проценти.

Што треба да знаете

XS
SM
MD
LG