Достапни линкови

Стечајците во амбис


Работнички протести
Работнички протести

Стечајците бараат Владата да ја прифати иницијативата за измени во законот за вработување и осигурување во услови на невработеност. Тие велат дека пред кризата биле на работа, а сега се во амбисот

Стечајците бараат Владата да ја прифати иницијативата за измени во законот за вработување и осигурување во услови на невработеност, со кое сите со 25 години стаж треба да земаат пари од државата до следно вработување или пензионирање. Лидерката на стечајците од Куманово, Лилјана Георгиева вели дека откако фирмите во кои работеле останале во стечај, тие се на улица и никој не прашува како и од што живеат.

„Во ова време на криза и на рецесија, може да замислите каков ни е животот. Бевме на работ на амбисот, а сега сме во амбисот.“
Во ова време на криза и на рецесија, може да замислите каков ни е животот. Бевме на работ на амбисот, а сега сме во амбисот


Георгиевска објаснува дека на сите 12 протести што досега ги орзанизирале нема многу луѓе, затоа што стечајците од внатрешноста немаат пари за да дојдат до Скопје.

Ако не им се исполната барањата стечајците најавуваат дека ќе постават шатори пред Владата. Со 18 месечно штрајкување пред Собранието пред повеќе од година , група работници со над 25 години работен стаж и нерешен статус, успеаа да добијат надоместок од 5400 денари месечно. Стојан Стојанов од здружението на работници со над 25 години стаж и нерешен статус, вели дека со тие пари имаат некоја сигурност. Стојанов смета дека тоа што тие го направиле со штрајкот пред Собранието, ретко кога може да се повтори.

„Сега кога седам и кога анализирам што се е направено, мислам дека ова може да се случи еднаш во илјада години. Толку истрајност.
Самиот не сум свесен што сме направиле и како сме издржале.“

На стечајците , работниците од ликвидирани фирми, тие што останаа технолошки вишок , сега им се приклучуваат и оне кои останале без работа поради светската економска криза. Неда Трајчева по 20 години работа останала технолошки вишок, успеала да се вработи, но сега поради кризата пак е без работа. Таа вели дека повозрасните тешко можат да се вработат.

„Тешко може да дојдат до работа, никој не ги сака, сите дигнале раце од нив, никој не ги гледа.“

Од Министерството за труд и соцојална политика велат дека веќе постојат закони им се помага на луѓето кои ќе останат без работа

„Во зависност од статусот што го имаат, дали се технолошки вишок или не, го исполнуваат статусот да примаат соодветен надомест од агенцијата за вработување или не. Ако не, тогаш постои закон за социјална заштита и ако имаат двајца невработени ќе користат

социјална помош, ако имаат некакви приходи, тогаш тоа е тоа, криза е, не само кај нас, туку насекаде,“

вели Државниот секретар Душко Миновски.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG