Достапни линкови

Вечерва Македонија - Исланд


Панорамски поглед на градскиот стадион
Панорамски поглед на градскиот стадион

Ќе успее ли македонската фудбалска репрезентација да се пласира на Светското првенство? По разочарувањето со Норвешка, вечерва во Скопје македонските фудбалери ќе се соочат со Исланд.

По саботниот дуел со Норвешка, македонската фудбалска репрезентација е уште еден чекор подалеку од пласманот во баражот за Мундијалот во Јужна Африка. Ремито без голови осетно ги намали шансите, а со тоа и големиот оптимизам присутен во домашната јавност. Сепак, тоа, барем засега, не треба да не откаже од битката за втората позиција во нашата квалификациска група. Колку и да се мали, шансите за таков успех се уште постојат, бидејќи втората Шкотска има само три бода повеќе. Таа предност не е недостижна, особено кога се знае дека во септември ќе имаме дуел токму со Шкотланѓаните. Но, за тој натпревар да има значење, претходно, односно денеска, на националната Арена Филип Втори Македонски во Скопје мора да ги освоиме трите бода против Исланд. Нашиот стар должник, кој и најмногу ни ги помати сметките во овие квалификации, со поразот пред осум месеци во Рејкјавик. Факт кој носи
Исланд не е Норвешка, Исланд не е Андора, тоа е една специфична екипа која тркачки е добро спремна. Но, сепак играме на наш терен
дополнителен мотив за прекинување на серијата од шест средби без победа, но и бара внимателност против незгодниот ривал, со кој го делиме третото место на табелата.

,,Исланд не е Норвешка, Исланд не е Андора, тоа е една специфична екипа која тркачки е добро спремна. Но, сепак играме на наш терен, поддршката ја очекувам повторно, сепак тие три бода многу ни се потребни заради пласманот и заради престојните натпревари во септември."

Изјави селекторот Мирсад Јонуз.
Тој верува дека во вториот меч на кормилото на репрезентацијата ќе има повеќе среќа и ќе стигне до првиот триумф. Цел за чие остварување, според капитенот Гоце Седлоски, ќе мора брзо да се пробие очекуваниот противнички бункер.

,,Не ни останува ништо друго освен победа, ќе биде доста тешко, бидејќи знаеме Исланд како игра. Сите 11 играчи се повлечени позади, доколку го пробиеме тој бункер во првото полувреме мислам дека и за нас ќе биде добро и да ги освоиме тие три бода."

Рече Седлоски, кој заедно со колегите од националниот тим бара поддршка од навивачите. Тие пак, не сакаат ни да помислат дека е можно нешто друго освен наш триумф, но и не веруваат во поголем успех до крајот на квалификациите.

,,Крајно време е да победат, уште Исланд ако не го победат на овие горештини, незнам кого би можеле."

,,Топлото време ќе биде на наша страна, а тактички и технички репрезентациите се на исто ниво."

,,Не очекувам нешто драматично, мислам дека Македонија нема да успее да се квалификува за Светското Првенство."

Изјавија анкетираните граѓани, за чија убеденост во победа придонесува и најавеното отсуство од тимот на Исланд, поради повреди и картони, на првата ѕвезда Гудјонсен, како и на стандардните Хреидарсон, Сигурсон и Гунарсон.
XS
SM
MD
LG