Достапни линкови

ММФ и треба на Македонија?


Министерот за финансии Славески и шефот на мисијата на ММФ Мек Гру
Министерот за финансии Славески и шефот на мисијата на ММФ Мек Гру

Владата и натаму останува на ставот дека нема причина за склучување на аранжман со ММФ. Економските експерти пак сметаат дека ММФ е потребен и како коректор на политиките на власта, а според некои и како извор на средства.

Министерството за финансии останува на ставот дека засега нема причина за склучување аранжман со Мегународниот Монетарен Фонд и по најавите на Фондот дека ке продолжи со кредитирaњето на земјите погодени од кризата со подобри услови. Изјави портпаролот Ивана Билбиловска

,,Откако мисијата на фондот беше во Скопје, нема поместување во негативна насока за да се размислува за аранжман со ММФ. Фондот
Откако мисијата на фондот беше во Скопје, нема поместување во негативна насока за да се размислува за аранжман со ММФ
и понатаму останува отворена опција за Македонија и од самиот фонд вчера најавија дека ќе зголемат средствата за стабилизациони заеми кој ќе бидат со услови поприфатливи и поеластични од постоечките."

Дел од економистите сметаат дека кога државата размислува за задолжуавње треба да се избере варијанта каде што има најнизок трошок, односно најниска камата. Ако имаме предвид дека се прогнозира дека со нашиот моментален рејтинг кој се влошува, каматната стапка на ова надворешно задолжување ке биде 10 до 12 проценти за обврзницата што го планира владата, јасно е дека треба да се бара нешто поефтино, а ММФ дава такви можности, вели Сашо Арсов вонреден професор на Економскиот факултет во Скопје.

,,Оттука нема дилема дека треба да се извлече таа можност, бидејќи се работи за ниска камата, а сумата пари кои ќе бидат одобрени е голема и може да задоволи, да покрие голем дел од оној дефицит што ни се создава поради тековната сметка."

Парите што ги дава ММФ не прествуваат голема сума, но Фондот и е потребен на Македонија поради своите искуства и знаења,
Владата е влезена во некој сопствен, маѓепсан круг и никако не сака признае дека политиката што ја води, и треба некоја надворешна контрола
коментира Панче Јовановски професор на Европскиот Универзитет.

,,Владата е влезена во некој сопствен, маѓепсан круг и никако не сака признае дека политиката што ја води, и треба некоја надворешна контрола. Оттаму ММФ ни треба како коректор, не како извор на средства. Бидејќи средствата што ќе ги добиеме претставуваат не толку голем извор, но е многу поважно да ги добиеме упатствата и како што реков ни е потребен како контрола."

Во мегувреме голмиот трговски дефицит и трошењето на девизните резерви упатуваат на тоа дека кризата се продлабочува. Според оценките на проф Арсов задолжувањето по пат на евробрзница како што планира владата ке значи задолжување со многу висока камата, пари кои наредните години ке ги отплаќаме како цена на тоа задолжување.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG