Слабата побарувачка на купувачите, зголемените понуда на пазарот и се поголемите финанскиски трошоци се причините поради кои опаѓа прометот во трговијата на мало според анкетата која ја изврши Заводот за статистика на раководителите на трговските фирми. Економската криза ги принуди потрошуваците да внимаваат на своите трошоци. Тие купуваат само продукти кои им се неопходни, а со тоа се намалува прометот во маркетите се жалат нивните сопственици.
,,Потрошувачката е намалена, граѓаните претежно купуваат артикли што им се неопходни и што им се за еднодневна употреба, без кои едноставно неможат."
И низ бутиците истата приказна .Сопствениците велат дека луѓето трошат пари само кога им треба нова гардероба за некоја посебна прилика.
,,Значително се чувствува намаленото купување во последно време. Мислам дека влијае економската криза. Се поретко купуваат без потреба, се трудат да ги намалат секојдневните потреби."
Луѓето гледаат да го заштедат секој денар., поради кризата можат да го загубат и работното место па затоа трпи и трговијата на мало вели професорката по трговско право Марија Зарезанкова Потевска.
,,Луѓето се приморани да штедат и поради неизвесноста за идните работни места и егзистенцијата и поради тоа се купува само она што е најнеопходно за гол живот, значи за една физичка егзистенција и во такви услови нормално дека трговијата на мало бележи пад."
Трговците велат дека ќе мора и да отпуштат некој од своите вработени за да ги намалат трошоците.
,,Порано имавме потреба од шест работника, сега мора двајца да отпуштиме. Додека и ние може да издржиме, а еден ден не ќе можеме да издржиме и најверојатно ќе затвориме."
Кога може големи фирми да пропаѓаат тогаш и малите трговски фирми нема да бидат поштедени вели професорката Потевска.
,,Малите трговски претпријатија, продавници во секој случај се изложени на голем ризик да затворат, но од друга страна кај нив има една поголема флексибилност, така што тие се прилагодливи на потребите на потрошувачите и полесно можат да се прилагодат, но тоа незначи дека нема да име последици и по нив."
Поради светската економска криза се очекува бројот на невработени во земјава се повеќе да се зголемува.
Потрошувачката е намалена, граѓаните претежно купуваат артикли што им се неопходни и што им се за еднодневна употреба, без кои едноставно неможат
,,Потрошувачката е намалена, граѓаните претежно купуваат артикли што им се неопходни и што им се за еднодневна употреба, без кои едноставно неможат."
И низ бутиците истата приказна .Сопствениците велат дека луѓето трошат пари само кога им треба нова гардероба за некоја посебна прилика.
,,Значително се чувствува намаленото купување во последно време. Мислам дека влијае економската криза. Се поретко купуваат без потреба, се трудат да ги намалат секојдневните потреби."
Луѓето гледаат да го заштедат секој денар., поради кризата можат да го загубат и работното место па затоа трпи и трговијата на мало
Значително се чувствува намаленото купување во последно време. Мислам дека влијае економската криза