Достапни линкови

Македонија увезува пченица, а домашната стои по амбарите


Земјоделски површини
Земјоделски површини

Пченицата од домашните реколти, со години стои по амбарите, а Македонија и натаму продолжува со увоз на пченица од соседните земји. Ниската откупна цена на лебното зрно што се увезува, ја прави неконкурентна македонската пценица.

Македонија увезува пченица од соседните држави стара и по шест години, нападната од бубачки, тврдат од пелагониското земјоделско здружение Аграр. Додека Македонија се преполнува со ниско квалитетно лебно зрно од Србија и други места, домашното производство од минатогодишната реколта се уште стои по амбарите, се жали претседателот на здружението Драган Мицковски. Околу 20 милиони килограми од ланската пченица се чуваат во домашни услови или се дадени на чување по силосите на житните комбинати, а се уште нема купец за нив.

„Според нашите сознанија таа пченица е чувана 5-6 години и полна е со жижак и народот во Македонија јади пченица со жижак. Народски кажано со бубачки, а нашата пченица од пелагонискиот дел не се зема.“

вели Мицковски.
Ниските откупни цени на лебното зрно во соседните држави ја прават неконкурентна домашната пченица, објаснуваат млинарите.
Нема кој да ја купи годинава пченицата, а ние велиме дека е стратешко производство. Треба да ја гледа некој во државата, но никој не ја гледа. Се увезува, а нашата не се зема
Посочуваат дека во моментот килограм пченица од Србија може да се купи само за 6 денари. Тоа е помалку отколу 13-те денари колку што под притисок на аграрната политика на Владата лани платија за килограм домашно зрно. Фармерите бараат уште два денара плус колку што заедно со трошоците за транспорт чини српската пченица.

„Нема кој да ја купи годинава пченицата, а ние велиме дека е стратешко производство. Треба да ја гледа некој во државата, но никој не ја гледа. Се увезува, а нашата не се зема. Нашата држава најпрво треба да да си го гледа нашето производство и после да купи. Пченицата донесена од Србија ги чини поскапо отколку нашата да ја купат. Ние не им бараме 15 денари да ни платат, 10 да ни дадат ќе им ја дадеме, а толку сметаме дека чини српската пченица да ја донесат тука“

објаснува Мицковски.
Тој посочува дека за да се зголемат површините под оваа култура проблем е и узурпацијата на државното земјоделско земјиште.

„Распределбата на државното земјиште оди многу споро. Оставаме да размисли Министерството за земјоделство. И не може да се спречи узурпацијата на државното земјиште. Еве јкас сум регистриран земјоделец од 2002 година, имам 95 хектари земја земено под закуп, а дури минатата година влегов во нив зашто беа узурпирани.“

појаснува претседателот на Аграр.
Несогласувањата околу цената на пченицата помеѓу млинарите и земјоделците траат со години. Најкритично беше пред две кога Жито Битола им го откупи родот, а потоа немаше пари да го плати. Кон одредени производители долгот не е подмирен до денес, иако комбинатот е под стечај.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG