Достапни линкови

Тужба против Стефаноски


Директорот на Службен весник Тони Трајанов
Директорот на Службен весник Тони Трајанов

Службен весник поднесе тужба против претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски за клевета.

Службен весник и директорот и одговорен уредник на претпријатијето поднесоа кривична пријава и тужба против претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски, под сомнение дека тој сторил кривично дело, лажно пријавување на кривично дело и клевета. Првиот човек на Службен весник Тони Трајанов вели дека во изминативе денови
Оваа институција ги отфрла сите обиди за нејзино разорување и со индигнација ги отфрла сите обиди за негова дискфалификација. Со цел до крај да останаме професионални по законски пат ќе го браниме нашето законско работење и сомнежите дека ова претпријатие работи под чиј било диктат.
претпријатијето било под силен притисок и неосновани напади од страна на Стефаноски.

„Оваа институција ги отфрла сите обиди за нејзино разорување и со индигнација го отфрла сите обиди за негова дискфалификација. Со цел до крај да останаме професионални по законски пат ќе го браниме нашето законско работење и сомнежите дека ова претпријатие работи под чиј било диктат.“

Трајанов вели дека правилникот за однесување на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања и Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборната кампања се објавени во законски рок. Сепак, според него правилниците Советот за радиодифузија не ги донел според законот, иако не сакаше да коментира како неговото претпријатије дошло до тоа сознание.

Претседателот на СРД Зоран Стефаноски

„Овие правилници се донесени од страна на Советот за радиодифузија без да се почитува Изборниот законик, односно без претходно добиено мислење од ДИК или без нивно изјаснување.“

Стефаноски, пак, вели дека на Службениот весник не му е работа да ги толкува законските и позаконските акти на институциите, тука само да ги објави.
Значи ова е апсолутно без преседан настан, да тие да почнат да толкуваат закон.

„Со закон е уредено нивното работење. Значи ова е апсолутно без преседан настан, да тие да почнат да толкуваат закон.“

Стефаноски го оценува потегот на Трајанов како последица од немањето аргументи и објавувањето на правилниците не го оправдуваат дописот кој го испрати Службен весник до Советот за радиодифузија во кој недвосмислено бараат докази за нивното донесување.

„Најважно за нас беше дека со ваквиот начин и ваквиот чин, се загрози изборниот процес во Македонија, сериозно и тоа што тој го објавува последниот ден од законската обврска покажува уште еднаш дека тоа што ни го прати не беше случајно, а тоа што ретерира е навистина смешно.“

Советот за радиодифузија не се откажува од кривичната пријава против Службен весник, бидејќи претпријатијето одби да објави официјален документ на државна институција.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG