Достапни линкови

Без партиски реклами до кампањата


Советот за радиодофузија го донесе конечниот текст на Правилникот за однесување на радијата и телевизиите пред почетокот на кампањата.

Нема веќе партиски кампањи, до почетокот на предизборната кампања. Советот за радиодифузија на вчерашната седница го донесе конечниот текст на Правилникот за однесување на радијата и телевизиите во периодот од распишување на изборите до почетокот на предизборната кампања, според кој, на телевизиите на радијата во овој период им е забрането да емитуваат реклами на политичките партии. ДИК се уште нема дадено мислење за Правилникот.
Ова беше последниот ден според Изборниот законик до кога треба да се донесат правилници, односно подзаконски акти. Ние во овој последен ден моравме да ја завршиме таа постапка согласно Изборниот законик и да ги донесеме. Тоа го направивме без разлика што не добивме мислење од ДИК.


Претседателот на Советот, Зоран Стефаноски вели дека Правилникот бил доставен до ДИК со образложение за сите членови, по што Државната комисија требаше да се изјасни. Наместо мислење, добивме барање за дополнителна информација од ДИК – зошто сме или не сме прифатиле одредени забелешки на текстот, вели Стефаноски.

„Според член 206 ова беше последниот ден според Изборниот законик до кога треба да се донесат правилници, односно подзаконски акти. Така што ние во овој последен ден апсолутно моравме да ја завршиме таа постапка согласно со изборниот законик и да ги донесеме подзаконските акти, тоа го направивме без разлика што не добивме мислење од ДИК.“


Стефаноски е дециден дека Правилникот стапува на сила веднаш.

„Нормално ќе бидат објавени во Службен весник, со оглед на велигденските празници не знам како тоа ќе оди, но ги потсетувам радиодифузерите дека нашите правилници произлегуваат од самиот Изборен законик. Некој како да сакаше да ја одолговлечи целата постапка.“


Иако, по донесување на нацрт-правилникот на Советот помисливме дека конечно „ќе здивнеме“ од политичките кампањи, партиите го искористија периодот до стапување на правилникот во сила за агресивно телевизиско рекламирање. Комуникологот Сеад Џигал вели дека во изминатиов период имаше инфлација на политички маркетинг.

„Се развива една инерција по која се движат политичките партии која не можат да ја прекинат. Очигледно потребно е надворешен фактор да влијае врз тоа, некое регулаторно тело како Советот, за да се прекине таа, би
Некој како да сакаше да ја одолговлечи целата постапка.
рекол, инерција и инфлација на политички маркетинг.“

Џигал вели дека Советот, на одреден начин, „им направил услуга“ на партиите, зашто ефектот на таквите реклами станува дискутабилен.

„Проценката на експертската фела е дека е достигнато заситување, по кое политичките реклами не само што го губат својот ефект, туку предизвикуваат еден контра-ефект. Значи, преминуваат во сферата на анти-реклама.“

Советот ги донесе и измените на Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборната кампања.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG