Достапни линкови

Поделеноста на општеството знак за тоталитаризам?


Кејот на реката Вардар
Кејот на реката Вардар

Поделбите во македонското општество се продлабочуваат. Тоа го докажуваат и анкетите што се спроведуваат меѓу граѓаните. Според некои аналитичари тоа е карактеристика за тоталиратизам, а отсуството на критичка маса за апатија на општеството

На прашањето: Дали сте за компромис со Грција за името? На кое одговарале повеќе од 370 анкетиран, половина одговориле со НЕ, 47% со ДА, а само 2 проценти со незнам. Ова се резултатите од анкетата спроведена на нашата веб страница - макденес.орг, која не е научно заснована. Слични се резултатие од повеќето анкети спроведени во последно време, без разлика на кој аи да се тема. Поделеноста на луѓето се бележи дури и во анкетите коментираат познавачите. Поделеноста на почетокот беше на етничка основа. Потоа луѓето почнаа да се делат на Македонци со античко и Македонци со словенско потекло, се до последните поделби на верска основа, кога се делат на верници и на богохулници. Поделбите не водат кон добро, предупредуваат експертите. Поделеноста е
Политичките елити се наоѓаат возбудени и на некој начин не нудат алтернативи на граѓаните, туку ги ставаат во стапица. Сето тоа резултира со дезорганизација и анемија на општеството
Претседателските кандидати на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ
карактеристика на тоталитаризам, а отсуството на критичка маса говори за апатичност на општеството, се согласуваат тие.

Професорот Живко Андревски од Европскиот универзитет вели дека ако анкетите дозволуваат трета опција, нормално би било околу 20 проценти за ја одберат токму таа опција. Но ако подолго време е практика на анкетите да се избегнуваа таа опција, тогаш тоа може да говори дека во општеството завладеала поостра поделеност. Но професорот објаснува дека анкетите не секогаш ја даваат реалната слика во општеството, тој вели дека степенот на поделеност во реалноста не е многу изразен.

„Има еден дел во анкетните истражувања, каде што на крајот се заклучува дека мали промени во реалното расположение на населението, кога тоа би се мерело пошироко, поаналитички, а да изразува поголема изостреност во анкетите. Да речеме, еден дел од луѓето се изкаснуваат за владеачката гарнитура, од проста причина, дека е добро да се биде за и околу власта, односно во нејзина поддршка. А, помал дел да биде опозиционо или спротивно на владеачката партија од разни причини, без оглед на степенот на гаранција дека анкетата е тајна, а податоците се доверливи, “

вели професор Живко Андревски

За социологот Хасан Јашари поделбите се должат на кризите во општеството.
Основниот начин на кој функционира едно политичко општество е да се направи диференцијација меѓу едни и други, да се направи различноста меѓу едни и други. Не постои универзално, хомогено општество без поделби


Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски
„Нормално е дека во услови на криза луѓето имаат потреба да го споделуваат идентитетот со другите. И сега, доаѓаме до дисбаланс, значи едните сугерираат едно, другите друго и луѓето се наоѓаат во една конфузија. Возбудени, не знаат на која страна да се стремат.“

Јашари посочува дека политичките елите се тие кои треба да ја поправат ситуацијата во општеството, да нудат решенија, да промовираат позитивни вредности. Но како што заклучува тој, тоа не е случај кај нас.

„Кај нас, се случува спротивното. Политичките елити се наоѓаат возбудени и на некој начин не нудат алтернативи на граѓаните, туку ги ставаат во стапица. Сето тоа резултира со дезорганизација и анемија на општеството,“

вели професот Хасан Јашари од Универзитетот на Југоисточна Европа.

Аналитичарите и политиколоците сметаат дека поделбите во општеството не се ништо ново. Аналитичарот Емил Атанасовски вели дека во Македонија како едно мулти културно, мултиетничко и мултиконфесионално општество поделби понекогаш само се поизразени од тоа што биле претходно. Тој вели дека не постои смислено сценарии за креирање на поделбите.
За жал, ние сме сведоци на перманентна поделба на државата за лични цели, за личната власт на структурата која ја води државата


„Основниот начин на кој функционира едно политичко општество е да се направи диференцијација меѓу едни и други, да се направи различноста меѓу едни и други. Не постои универзално, хомогено општество без поделби.“

Средба на лидерите на наголемите политички партии
вели Атанасовски и додава дека и во општества кои се похомогени од нашето , има поделби по разни основи. Посочува и примери на држави во кои има голема диференцијација на населението, па сепак успешно функционираат во рамките на ЕУ и НАТО. Атанасовски заклучува дека поделбите во Македонија влијаат на еродирањето на институциите кои се клучни за ЕУ и НАТО.

„Кај нас, за жал, постои голема поделеност која се рефлектира потоа во институциите на системот. Токму потоа, тие институции ослабнуваат, а знаеме дека за ЕУ и НАТО ни се потребни силни институции,“

објаснува аналитаичарот Емил Атанасовски.

Политикологот Владимир Божиновски вели дека во општествата кои имаат подолга историја поделбите се поизразени. За него е несфатливо што луѓето на пример се делат на Македонци со античко и Македонци со словенско потекло. На ова тло живееле многу народи и нормално е да имаме по нешто од сите, вели Божиновски.

„Не можеме ние да бидеме едно или друго. И турско, и словенско, и античко, и бугарско и грчко итн итн. Сите, особено на Балканот сите се измешани, немаме чисти нации.“

Само тоталитарните режими функционираат врз поделбата на граѓаните врз разни основи, вели професорот Мерсел Биљали.

„За жал, ние сме сведоци на перманентна поделба на државата за лични цели, за личната власт на структурата која ја води државата.“

објаснува Биљали и додава дека поделбите не одалечуваат од ЕУ и од НАТО. Но штета прават и на развојот на демократијата и воопшто на културниот и на економскиот развој.

Движењето „Граѓани за Европска Македонија“ во рамките на своите семинари, ја пренесуваат пораката , поделбите да престанат, затоа
Сега се случува една нова загрижувачка градација. Во која може да се насетат тоталитаристички тенденции. Тоталитаризмот сака едноумие, еднобојност, сака постројување.“
што не му носат напредок на општеството. Владимир Милчин , директорот на Институт отворено општество, и еден од членовите на „Граѓани за Европска Македонија„ вели дека и досега политичките фактори симулирале поделби за да можат полесно да владеат.

„Сега се случува една нова загрижувачка градација. Во која може да се насетат тоталитаристички тенденции. Тоталитаризмот сака едноумие, еднобојност, сака постројување.“

Сите оние кои нема да се согласат да бидат во стројот, најпрвин се етикетираат, потоа се заплашуваат , замолчуваат а постои опасност и да бидат истребени.

„Во Македонија станува опасно да се идентификуваш како припадник на некакво малцинство, без оглед дали е тоа верско, етничко, социјално, полово итн. Нашата власт очигледно има амбиција сите да не направи исти, оние кои нема да прифатат да бидат исти, да спаѓаат во тоа натурено еднопартиско ниво на послушност, тие или ќе мораат да се селат од Македонија, и мислам дека некои од нив веќе сериозно размислуваат, или оние кои не така лесно се откажуваат ќе продолжат да се борат.“

објаснува Владимир Милчин.

Минатата недела во посета на Македонија беше Асма Џахангир, Специјален известител на Обединетите Нации за слобода на религијата . Нејзината посета се совпадна со протестите на вероучителите за враќање на веронауката во училиштата.

„Не гледам огромен проблем, но гледам знаци на заострување на релгиозните идентитети и поларизација. Ако не се реагира на време, може да биде доцна. Кога религиозната нетолеранција излегува од контрола, многу е тешко да се поврати. Од друга страна, луѓето се среќни што живеат заедно во мултикултурно, мултиетничко и мултиверско општество,“

рече Асма Џахангир.

Експерите велат дека луѓето се плашат да бидат различни. На нив треба да им се дозволи да имаат поразлични мислења од веќе понудените опции, или да немаат изграден став за некое прашање.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG