Достапни линкови

Колку пари потрошија партиите на изборите?


Билборди на претседателските кандидати на изборите
Билборди на претседателските кандидати на изборите

Според експертите, математиката е едноставна, и лесно може да се пресмета дека партиите во изборните кампањи трошат повеќе од дозволеното. Една од причините се и ниските казни предвидени со законот

Најавите на партиите дека кампањата за претседaтелските и локалните избори ке биде поевтина отколку на минатите предвремени парламентарни избори и прилагодена на реалните услови со огледа на светската економска криза, во анализите на експертите не завршија во полза на дозвилениот лимит за трошење, а не допринесоа ниту за отсранување на сомнежите за транспарентноста. Сеуште е
Тргнете само од она што секојдневно го гледаме, билбордите низ градот, во дневните весници не можевте да прочитате нормална информација, беа окупирани со кампањи, другите медиуми, така што ако се собере целокупната цифра е фрапантна
рано да се каже колку пари од буџетот и од партиските каси биле потрошени за митнзи,билброди и пропаганда, зошто од петти април течат роковите зa парииите кои имаат обврска да поднесат извешати до Државниот завод за ревизија,Државната изборна комисија и комисијата за спречување на корупцијата.Но иако измените во Изборниот законик дозволија да се потрошат трипати повеке пари од досега, односно по 180 денари по гласач, како сума што реално одговара на пристојна кампања која соодветствува на нашите прилики, впечаток е дека релните бројки се многукратно намнинати. Драган Малиновски е порненешен претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата кој ова го базира врз она што секојдневно го гледавме:

„Тргнете само од она што секојдневно го гледаме, билбордите низ градот, во дневните весници не можевте да прочитате нормална информација, беа окупирани со кампањи, другите медиуми, така што ако се собере целокупната цифра е фрапантна.“

Има премолчан договор помегу сите политички партии да не зборуваат и да не кажуваат за парите за кампањата вели професорот по управно право Борче Давитквски

„Тоа е проста математика. Се знае колку чини минута реклама, колку чини билборд, за ден, за недела, за две, соберете ги тие и едноставно тоа ви укажува дека се потрошени повеќе пари, а опонентите не продолжуваат да истражуваат. Тоа е чудно кај нас, тоа ме чуди. Мислам дека има еден премолчан компромис меѓу политичките партии да не си ги кажуваат средствата за финансирање итн. Мислам дека пак ќе биде исто, или кога ќе отиде државниот завод за ревизија, ќе покажат сите максимум што може да трошат.“

Пречекорувањето во расходите на предвремените парламентарни избори од стрна на двете најголми коалициски партии предводени од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ беше карактеристика минатата година. Во прелиминарните заклучоци не беа наведени мерките што ќе се преземат или треба да бидат преземени. Двете партии во нивните извешати недоволно ги прецизирале и изворите на фиснсирање на
Тоа е проста математика. Се знае колку чини минута реклама, колку чини билборд, за ден, за недела, за две, соберете ги тие и едноставно тоа ви укажува дека се потрошени повеќе пари, а опонентите не продолжуваат да истражуваат
кампањата:

„Ние само ги констатираме и ги испраќаме како извештаи. ДИК и Заводот за ревизија се први кои се обврзани да дадат конкретни рокови и начин како треба да се постапува кога има повеќе потрошени средства,“

вели Ариф Муса од Државната Комисија. Од партиите постојано повторуваат дека финансирањето се засновува врз законските основи кои главно се од чланарината и од други можни извори предвидени со законот, според кој кампањите не смеат да бидат финансирани од јавни претпријатија од компании со странска доминација. Од заводот за ревизија велат поадоици ке има во нивниот извештај, но нема прецизни рокови. Прашањето за финансирање на партиите многу пати било ствана на маса. И во Собранието се разговарало за потпишување резолуција, а пред неколку години се потпиша декларација за нулта толеранција на корупцјата. Нејзини потписници се претствници на полтиката и на бизнисот.Проблемот со транспарентноста на финансирање на политиката имплицира проблеми во други области. Се додека не воспоставиме отчетност да се знае од каде, од какви извори,од кои луѓе доагаат парите на сметките на партии за нивното функцинирање и за изборните кампањи, ке имаме влечење на парите од буџетот преку незаконски јавни набавки и делување и организирање на криминални структири под покровителство на политиката,се зато што на таа политика и требаат пари за да опстане, вели Слаѓана Тасавеа од нулта корупција.

„Ако не е така, или во спротивно, политиката којашто сака чесно да работи, самата ќе биде заинтересирана да ги објави изворите на своите средства.“

Финансирањето на политичките партии и нивните изборни кампањи е прашање идентификувано како проблем во сите извештаи на
Политиката којашто сака чесно да работи, самата ќе биде заинтересирана да ги објави изворите на своите средства
Европската комисија. Владата и политичките партии формално ја сфатија обврската и работеа на измените на изборните правила што се однесуваа и за елиминирање на можноста за изборна корупција.Со последните измени, има доближување на реално потребните сретства кои се користат во изборна кампања со зголемување на цензусот од 60 на 180 денари по гласач,но не се направни и квалитетни чекори за контрола и особено за одговорност на прекршителите на ваквите ограничувања смета Драган Малиновски

„За неподнесување извештај, санкцијата е четири до пет илјади евра. Кога станува збор за изборни кампањи, износите се огромни, така што казните се минимални.“

Ефикасна брана од злоупотреби може да има само со ефикасна санкција, како на пример во делот на мандатот на политичкиот субјект,како што се постапува во земји каде строго се води сметка за транспарентноста, сметаат експертите:

„Имаме земји каде што ако е кај нас 1,7 милион може да потроши, петоструко може да плати, а дури имаме и одземање на мандати.“
Поранешниот минстер за финансии Џевдед Хајредини се изјаснува дека дилема за сомнителност отвора тоа што владата се јавува во улога на огласувач подолг период пред кампањата
„Нема механизми ако нема политичка волја. Во континуитет се троши, не само во предизборна кампања, туку цела година. На прашањето колку троши владата за реклама, таа рече, има многу големи ефекти, ги гледаме ефектите.“

Прашање со кое се занимава јаавоста е и дали потрошените пари ке влијаат врз макроекономската стабилност во земјава со оглед на влијанието на економската криза.Во изборната кампања од нити еден од политичките субјекти не можеше да се слушне дека во претстојниот период ќе се преземаат и еконосмки непопуларни мерки.Сведоци сме на обиди на некои држави со експанзивно монетарна и паралелно експанзивно фискална политика да се надминат проблемите кои се различни во различни економии. Некои од земјите во соседстсвото века најавија замрзнуавње или намалување на плататите. Економистите велат дека нема едиснтвено прифатен сет мерки кој може да се примени во сите национални економии

„Владата ќе мора да примени и штедење, секако да, во доменот на останатите два сегмени кои се трошат од буџетот, тоа се плати, и она што значи нормално функционирање или одржување. Функционирање на министерствата, агенциите итн. Она што треба да се прави е да се зголемуваат капиталните расходи, а не да се зголемуваат платите, кои се повеќе од 50 насто од буџетот.“

За разлика од професорот Зоран Ивановски за поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредни останува загатка како владата би се справила доколку биде принудена да донесе непопуларни мерки.

„Кога ќе почнат такви мерки, јас се прашувам што ќе се случи со владата. Очекуваме тешки времиња. Владата продолжува да ги троши парите од буџетот за намени кои немаат врска со поттикнувањето на стопанството.“

Кај нас сме сведоци дека не се практикува експанзивна монетарна и фискална политика однсоно нашата политика на Централната банка е рестриктивна а од друга страна дозата на експнзивност ја додава фискалната политика, која се обидува да ги стимулира капиталните трошења со цел развој на националната економија и надополнување на изгубената побарувачка која ке се осети како резулатат на нмлениот прилив на стрснките директни инвестиции.Нашето вракање во забрзан циклус на еконосмки развој зависи од тоа како ке се
се стабилизира свестката економија. Некои проценки укажуваат дека може да очекуваме подобрување на економијата во 2010та. Но тргнувајки од фактот дека сеуште не се димензионирани корените и длбочината на кризата во одредени земји економстите велат дека не сакаат да брзаат со свои предвидувања

„Ако земете, дека кризата е длабока, во САД колку што е нивниот годишен БДП од 13 билиони долари, се поставува прашање кој тоа ќе го покрие? Тоа се дел од некои размислувања или загатки, кои навистина тешко овозможуваат да се предвиди кога ќе биде надмината кризата.“

Македонија е отворена е економија и ги трпи консеквенците кога опкружувањето и свето е во криза.Генреално ние немаме такви причини за криза како криза во финасискит сектор, но нашиот реален сектор ке биде загрозен заради недоволната побрувачка во страснство за наши стоки и услуги.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG