Достапни линкови

Без поголеми очекувања од самитот на Г20 во Лондон


Британскиот премиер Гордон Браун и американскиот претседател Барак Обама во Лондон
Британскиот премиер Гордон Браун и американскиот претседател Барак Обама во Лондон

Барак Обама е во Лондон на неговиот прв престој преку Атлантикот откако ја презеде функцијата. Утре со лидерите на водечките економии ќе ги договора чекорите во справувањето со кризата.

Лондонскиот самит се очекува да заврши со согласност за поцврста финансиска регулација и со заложба за одбегнување на протекционизмот. Она за што нема согласност е координирана акција особено откако Европа ги одби американските барања за поголемо трошење. А пред тоа споредбата беше голема. Лондонскиот самит на Групата дваесет со Бретон Вудс, односно конференцијата која во илјада деветстотини четириесет и четвртата година го означи почетокот на модерниот финансиски систем, вклучувајќи ги Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

,,Околу нас мораме да изградиме нов Бретон Вудс, нова финансиска архитектура за годините пред нас. Некогаш кризите ги тераат луѓето брзо да се согласат за нешто што требаше да го сторат одамна,,.

Изјави британскиот премиер Гордон Браун во октомври лани. Но, тоа беше тогаш. Лондонскиот самит, по се изгледа, нема да му ги исполни очекувањата. Особено откако, европските партнери, особено Германија и Франција, ги одбија американските барања за поголеми фискални стимулации. Па што може да се постигне на самитот? Најпрвин, повеќе финансиски извори за Меѓународниот
Околу нас мораме да изградиме нов Бретон Вудс, нова финансиска архитектура. Некогаш кризите ги тераат луѓето брзо да се согласат за нешто што требаше да го сторат одамна.
монетарен фонд за помош на земјите погодени со кризата.

,,Изгледа многу чудно што го велам ова по демонстранциите против Г дваесет но, светот во развој ќе добие повеќе бенефиции. Проблемите се кај земјите во развој кои немаат нова стратегија за заживување на нивните економии,,.

Вели Ванеса Роси од Четам Хаус. На самитот во Лондон се очекува да се постигне согласност и за санкционирање на таканаречните даночните рајски зони во светот. Економистот Ричард Џекман смета дека важно за земјите ќе биде да ја хармонизираат финансиската регулатива.

,,Во спротивно го добивате она што можете да го наречете тргување со регулативата кога банките и другите финансиски институции се лоцираат во земји каде што се чувстваат најповолно,,.

Што се однесува до трговијата, од лидерите на Г дваесет се очекува да се заложат да го одбегнуваат протекционизмот. Слично ветување тие дадоа и во минатиот ноември, но оттогаш повеќето од членките воведоа некакви протекционистички мерки. Домаќинот Гордон Браун изјави дека разговорите ќе бидат тешки, но тој секако ќе сака да ги одбегне споредбите со последниот глобален економски самит што беше одржан во Лондон во кризно време. Лондонската монетарна и економска конференција во илјада деветстотини триесет и третата година пропадна во разединетост.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG