Достапни линкови

Нови избори, стари трикови


Премиерот Груевски поставува камен темелник за пат во Македонски Брод
Премиерот Груевски поставува камен темелник за пат во Македонски Брод

Традиционално, изборите се период кога подзабораените места влегуваат во агендите на политичарите кои се во потрага по гласови. Големи ветувања, камен темелници на секој чекор, се почнуваат нови проекти. Нивната реализација, веројатно, ќе чека подобри времиња

Нови избори со стари трикови. Модели веќе познати во време на изборна камапања. Се користат сите облици за замајување на електорат за да се придобие глас повеќе во 20 дневната изборна трка. Но, притоа свесно или не, се заборава во ингеренциите кој ги има шефот на државата. Места за кој ниту на сон не помислувале да ги посетат, сега седумте те претенденти за иден македонски преседател ќе дојдат и таму каде што меснсното насление никогаш не се ни надевало дека ќе ги види. Асвалтирање на пат, обезебедување на здрава вода за пиење, ова се дел од ветувањата што кандидати им ги оставаат, пораки кој досега најчесто завршуваат нереализирани.

„Патот ни го направија до тука, и ветуваат дека ќе го направат.“
„Ветуваат дека ќе биде секоја година, ама еве 20 години поминаа, па ништо“

говорат граѓани за реалноста со која се соочуваат.

Аналитичарите оценуваат дека по овие изборите не би требало повеќе институцијата преседател да биде омаловажувана како што тоа беше во предходните случаеви кога СДСМ го оспоруваше легитимитетот на Борис Трајковски или пак сега кога за ВМРО ДПМНЕ шефот на државата е само госпподинот Црвенковски.

„Да не биде кочничар на владата, да обезбеди работна кохабитација. Да биде канал за комуникација со меѓународната заедница, кој би бил коректив на власта.“
„Фокусирањето на претседателската кампања, која е позвучна, попримамлива за јавноста, се надеваат да профитираат на тој начин. Значи, преку претседателската, да ги добијат и локалните избори.“

кажаа Петра Арсовски и Махмуд Ибраими.

Изборната треска допарва ќе добива на интензитет, се случи и првото телевизиски соочување на претседателските кандидати . Фрчковски, Иванов, Ружин, Селмани, Бошковски Буџаку, Хоџа сите имаат свој визии за иднината на Македонија. Обичниот граќаните ниакко директно да се праша што најмногу го мачи.

„Ова е само партиски интерес, за народот многу слабо.“
„Пет години работев и на улица сум. Што да разговарам!? Пет години и украдоа ајдуците, што да разговарам!?“
„Претседателот треба да мисли подеднакво за сите граѓани, да биде широк, да има прием кај него.“

По се изгледа и на овие четврти по ред преседателски избори ќе останат само празни ветувања. Гласачката машинерија е подготвена, а обичниот човеке и овој пак ќе остане со празни раце. Дел од секојдневните проблеми по се изгледа и ќе останат за некои подобри времиња.
XS
SM
MD
LG