Достапни линкови

Започна првиот фестивал за видео арт и кратки филмови


Скопје
Скопје

Со вечерашното прикажување на двете кратки дела на португалскиот режисер Серџо Круз во Кинотеката на Македонија започна Првиот фестивал за видеоарт и за кратки филмови ФРИК ФИЛМ, што го организира Формацијата за развој на иницијативи во културата од Скопје. На оваа тродневна манифестација која ќе се одвива и во Винарницата Темов во Старата чаршија и во чекалницата на Железничката станица, ќе бидат прикажани филмови од над 20-на еминентни светски автори.

Пркосот кон апатијата во која се наоѓа македонската културна сцена и кон конформизмот кој се подлабоко навлегува во неа, потребата за нејзино раздвижување и отворање кон младите автори, е идејната рамка за промовирање на Првиот фестивал за видеоарт и за кратки филмови, кој во овие три дена, на три различни локации во Кинотеката на Македонија, винарницата Темов и во чекалницата на
Идејата ни беше нашата публика во директен контакт да ги проследи најновите случувања во оваа бранша и нашите филмски работници да можат одблизу да се запознаат со светските трендови
Железничката станица Скопје, ќе се обиде да го изнуди вниманието на главноградските проследувачи на ваквите настани и особено на љубителите на овој уметнички израз. Организатор на ФРИК ФИЛМ
ФЕСТИВАЛ е Формацијата за развој на иницијативи во културата која досега ги потпишала интернационалната изложба на цртеж во Куќата на духовите во Црниче и фотоинсталацијата Писмо до непознатиот пријател од Кочо Андоновски во Главната пошта во Скопје, обата минатата 2008 година.

,,Идејата ни беше нашата публика во директен контакт да ги проследи најновите случувања во оваа бранша и нашите филмски работници да можат одблизу да се запознаат со светските трендови."

истакнува Велимир Жерновски, еден од организаторите на случувањето и ликовен уметник кој беше прогласен за најдобар на штотуку завршеното Биенале на млади уметници што се одржа во Музејот на современа уметност.

Во програмата на ФРИК ФИЛМ ФЕСТИВАЛ се најдоа и два филма од англиската авторка Џени Беинс која има свои ликовни дела изложувано во земјава, 30 минутниот филм на германскиот режисер Мин Доунг, анимации избрани од норвешкиот уметник Бјорн Хегарт, како и проекти на автори од Шведска, Финска, Чешка, Литванија, Словенија и соседна Србија. Македонската селекција јачинат филмови на Димитар Додовски, Љупчо Темелков, Александар Гроздановски, Драган Христов, Горан Костовски, Жерновски и Срѓан Јаничијевиќ. За овој одбир во сооднос со интернационалната продукција визуелниот уметник Александра Петрушевска, ќе забележи:

,,Светот веќе не е толку далеку, со оглед на тоа дека постојат развиени технологии како Интернет. Така што, многу од македонските учесници имале шанса да видат што се случува во светот и ги следат трендовите. Но, има и автори коишто работат за себе, коишто се изолирани од светските трендови, не сакаат да ги следат истите и доста се успешни во тоа што го работат."

Кон ова само уште информацијата дека проекциите во Винарницата Темов во Старата скопска чаршија ќе се случуваат од 19 часот и 30 минути до 22 часот, а во чекалницата на Железничката станица во периодот од 19 до 23 часот.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG