Достапни линкови

Ќе има ли ново поскапување на струјата?


Macedonia - Mepso Building, Skopje, 01Nov2008
Macedonia - Mepso Building, Skopje, 01Nov2008
Се погласни се шпекулациите дека граѓаните ги очекува ново поскапување на струјата, иако поради намалената побарувачка предизвикана од економската криза, цената на струјата во регионот речиси се преполови.

Во стратегијата за развој на енергетиката во земјава МАНУ препорачува да поскапи струјата заради привлекување нови инвестиции во енергетскиот сектор. Од друга страна и Меѓународниот монетарен фонд, во неодамнешниот извештај за Македонија, препорачува да се зголеми цената на струјата за да се обезбеди енергетска стабилност.

Професор Атанаско Тунески од Машинскиот факултет во Скопје вели деке е многу битно да се направи точна анализа дали
Не е така едноставен одговорот, дали поскапувањето е оправдано или не. Не велам не, но се чини дека е преурането
енергетските компании работат домаќински, а не само дали се рентабилни.

„ММФ многу е не се секира дали некој рентабилно работи или не, ММФ има цел енергетските институции да бидат финансиски моќни, а за нас е битно трите енергетски субјекти да работат рентабилно.“

Тој се сомнева дека е потребно ново поскапување на струјата.

„Не е така едноставен одговорот, дали е оправдано или не. Не велам не, но се чини дека е преурането.“

Трите електроенергетски компании во земјава, ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО се уште не соопштуваат дали ќе побараат зголемување на цените. Утре истекува карајниот рок до кој тие треба да ги достават пресметките до Регулаторната комисија за енергетика. Комисијата во рок од два месеци треба да соопшти дали ќе има промена на цената на струјата.

Познавачите на состојбата во енергетиката велат струјата може да поскапи поради новата методологија за пресметки која дава можност компаниите да ги покријат оперативните трошоци и амортизацијата на средствата за вршење дејност.
Аналитичарот Маријан Николов од Центарот за економски анализи смета дека препораките за поскапување од ММФ се веќе
Овие два извештаи се базираат на претпоставки и фактичка состојба од октомври ноември лани, оттогаш натаму се случија неколку промени, меѓу нив и поскапување на електричната енергија, така што може да се каже дека тие препораки се застарени
исполнети.

„Овие два извештаи се базираат на претпоставки и фактичка состојба од октомври ноември лани, оттогаш натаму се случија неколку промени, меѓу нив и поскапување на електричната енергија, така што може да се каже дека тие препораки се застарени.“

Освен поскапување ММФ истовремено порача да се утврдат и механизми за заштита на социјално загрозените семејства.
Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Душко Миновски вели дека новиот предлог закон за социјална заштита предвидува ослободување од дел од сметките за струја на најсиромашните семејства.

„Прво треба да се донесе законот, и тој дава услови за разни програми кои се носат интервентно.“

Последен пат струјата поскапе за 13 отсто во ноември минатата година.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG