Достапни линкови

Има простор за поголемо задолжување на граѓаните


Граѓаните живеат на кредит, но експертите сметаат дека во Македонија сеуште има простор за поголемо задолжување на граѓаните.

Граѓаните живеат на кредит. Концептот на бруто плата и доцнењето на јануарската само допринеле до поголемо задолжување во банките. Се зема кредит скоро за се, за нов стан или автомобил , за школување, одење на одмор или да се платат заостантите сметки. Од банките објаснуваат дека досега добро ги наплатуваат долговите од граѓаните. Експертите велат дека иако многу од луѓето се задложуваат сепак состојбата во споредба со другите балкански земји не е толку алармантна. Граѓаните се внимателни при земањето на кредит, но објаснуваат дека земаат кредит затоа што со платата неможат да го истераат месецот. Има и такви на кои кредите не им се потребни.

„Имам голема потреба од кредит, затоа што не се осудувам да земам бидејќи незнам како ќе успеам да го вратам. Пред неколку години ,,заглавив“ со еден кредит.“

„Ние сме имале секогаш не големи пари, но сме имале доволно, за да не земаме.“

Од банките велат дека внимателно ја следат состојбата на пазарот. Од Про кредит банка објаснуваат дека наплатата на долговите тече вообичаено.

„Тоа се должи пред се на деталната финансиска анализа што ја правиме, односно не се базираме на кредитот на хипотеките, односно пред се се базира на она што значи капацитет на отплата на кредитобарателот.“

Вели Владимир Стефановски од Про кредит банка. Тие веќе направиле отстапки на каматите на кредитите за автомобили и за реновирање на станови, но тие отстапки како што објаснуваат не се многу големи. Професорот Мирољуб Шукаров вели дека во Македонија има уште простор за задолжување од аспект на учеството на кредитите на населението во однос на бруто домашниот производ.

„Тоа не значи дека е низок степенот на задолженост, тоа не значи дека банките не треба да пресметуваат ризичност на нивните пласмани, туку дека треба да се поттикне економската активности и граѓаните ќе може во секој случај малку повеќе да учестуваат во кредитите.“

Минатата година граѓаните се задолжиле повеќе од една милијарда евра во банките, велат податоците за Народна банка. Тоа значи дека во просек секој вработен во Македонија им должи на банките по 1.700 евра.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG