Достапни линкови

Презентирање на личните способности или фокусирање врз противкандидатите?


На полноќ истече рокот за поднесување листи на кандидати за претседател за градоначалници и за советници во општините и во градот Скопје до Државната изборна комисија.

„До ДИК до овој рок беа доставени седум листи на кандидати за претседател, а во општинските и градската изборна комисија треба да почекаме во наредните неколку дена за да помине рокот за потврдување на листите и за да се изврши проверка дали некое лице од поднесените листи е осудено на казна затвор подолго од шест месеци.“

Изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски. На 18 вефруари ДИК ќе организира жребување за редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче а општинските изборни комисии жребувањето треба да го спроведат на 23 февруари. Изборната кампања ќе започне на 2 март. Експертите се надеваат на позитивна кампања и ова го темелат воглавно на предупредувањата од страна на меѓународните институции во контекст на евроатланстските интеграции како и на профилот на кандидатите:

„За претседателските избори, но и за кандидатите за главните единици на локалната самоуправа, особено во Скопје. Сметам дека главната битка во предизборната кампања ќе се води околу презентирање на своите програми и на своите способности, а не фокусирање врз противкандидатите.“

Вели професорот Јетон Шасивари.

Марија Ристевска од Центарот за анализи и креирање политики евентуални нерегуларности и несогласувања очекува на локалните избори повеќе отколку на претседателскит, каде како што вели станува збор за борба за функција која не нема многу моќ па партиите не оделе до таму за неа да ја жртвуваат нивната репутација.

„Можни претпоставувам несогласувања и профонтална борба се локалните избори, каде што остануваат ресурсите и каде што има многу повеќе за поделба на колачот.“

Треба да ги држиме партиите одговорни за однесувањето на изборитепо рачува Ристевска според која треба да се има на ум и ризикот од меѓуетнички тензии доколку не се почитуваат предупредувањата претстојните избори да се одржат во фер и демократска атмосфера.
XS
SM
MD
LG