Достапни линкови

Претставниците на останатите партии се против поделба на земјата


Територијалната организација на Босна и Херцеговина која би подразбирала четири региони, воспоставени според економски принципи, која деновиве ја изнесоа лидерите на трите босански ентитети наиде на многу различни реакции. Впрочем, такви беа оценките и на самите лидери.

Откако претседателите на Партијата за демократска акција, на Хрватска демократска заедница и на Сојузот на независните социјалдемократи Сулејман Тихиќ, Драган Човиќ и Милорад Додик по нивниот состанок ги изнесоа видувањата за босанската територијална организација, некои партии навестуваат откажување на поддршката на договорот по кој сега е организирана Босна и Херцеговина.

Јас сум против вакво неподготвено влегување во разговор за Уставот и мислам дека тоа е непотребен експеримент.

Вели Младен Иваниќ, претседател на Партијата за демократски прогрес. Скептичен и е лидерот на партијата Странци за Босна и Херцеговина Харис Силајџиќ, особено околу економскиот каракатер на регионите:

Нема да има поделба на земјата. Има доволно сили во Босна и Херцеговина да го спречат тоа. Мојата партија е за четири региони, но базирани врз мултиетнички основи.

Силајџиќ додава дека проблемот бил предизвикан со изјавата на Милрад Додик дека тоа воопшто не е можно. Имено, во објаснувањето на договорот од состанокот Додик прецизира дека воопшто не станува збор за преуредување на Република Српска.

Што е со Република Српска? Јас велам дека таа е сигурно една од четирите, или трите или двете територајлни единици. Нам ни е се исто. Но нечепната Република Српска во својот капацитет.

Објаснува Додик кој сепак уредувањето на регионите и го препушта на Федерацијата.

Тоа е работа на луѓето во Федерацијата, како тие ќе организираат. Јас реков дека нашиот предлог е јасен: Ја сакате Република Српска внатре, добро. Ако не сакате, довидување.

За Сулејман Тихиќ пак, толкувањето им е дозволено на сите. Но, според него, најважно е што воопшто почна да се зборува за територијалното уредување на Босна и Херцеговина:

Ние отворивме едно многу жешко прашање за територијалната организација. Изгледа дека во Босна и Херцеговина се уште не постои амбиент за таков вид договор. Се уште кај страните има премногу исклучивости.

Вели Тихиќ, додавајќи дека Босна и Херцеговина единствено може да се гради до договори, компромиси и со одредени отстапки од сите.
XS
SM
MD
LG