Достапни линкови

Партиите соопштуваат дека се во финална фаза и во текот на месецов ќе ги објават кандидатите


На месец и половина пред одржувањето на локалните и претседателските избори во партиските штабови е се пораздвижено. Иако во јавноста се уште не се објавени имињата на можните претседателски кандидати, во партиите велат дека размислуваат за евентуалните решенија кои најавуваат дека набрзо ќе бидат обелоденети. Во јавноста веќе се зборува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе распише интерен конкурс за претседателски кандидат на кој ќе може да се пријави секој заинтересиран. Кандидатот според најавите би требало да го изберат повеќе од 1000 делегати ос сите општински комитети на партијата, на конвенција која би требало да се одржи на крајот на месецот. Но и покрај нашите обиди да ги потврдиме ваквите информации, од ВМРТО-ДПМНЕ не беа достапни за коментар.Деновиве и поренашениот министер за внатрешпни работи Љубе Бошковски потврди дека ќе учествува во претседателската трка, а во медиумите се појави и името на претседателот на НСДП, Тито Петковски како можен кандидат за претседател од опозицијата. Од опозициониот Социјалдемократски сојуз велат дека подготовките се во завршна фаза. Не сакаат да прецизираат кога конечно ќе биде објавено името на нивниот претседателски кандидат, но велат дека тоа ќе се случи во најскоро време.

„СДСМ влегува во завршната фаза од постапката за утврдување на кандидатите за локалните и претседателски избори. Во таа насока очекуваме дека за многу кусо време ќе ги истакнеме сите наши кандидати за изборите.“

Изјави Емилијан Станковиќ од СДСМ.
Од Демократската Унија за интеграција велат дека во многу скоро време ќе ги објават имињата на нивните кандидати за градоначалници. Во моментот, вели Рафиз Алити од оваа партија одржуваме редовни партиски состаноци и ги очекуваме предлозите на партиските ограноци.

„Првите предлози од ограноците веќе почнаа да стигнуваат така што најверојатно во текот на овој месец можните кандидати ќе бидат познати за градоначалници.“

И од Демократската партија на Албанците информираат дека подготовките околу изборите се во напредна фаза. Имер Алиу од оваа партија вели дека деновиве актуелни се изборните собранија во ограноците кои гласаат за предложените кандидати за градоначалници, додека за техничките подготовки се уште имало време. Од ДПА велат дека ќе ги почитуваат законските рокови за почнување и времетраење на изборната кампања. И од двете албански партии очекуваат победа на претстојните избори.
XS
SM
MD
LG