Достапни линкови

Европејците најзагрижени за економската криза


Европската Унија во 2009 ја чека продолжуавње на борбата против економската и финансиската криза, избори за Европскиот парламент и завршување на институционалните реформи доколку Лисабонскиот договор пројде во у чешкиот парламент и на референдумот во Ирска. Според истражувањето на Евробарометар, европејците се најзагрижени за економската криза.

Чешка и Шведска се преседавачите на ЕУ во првата и втората половина од 2009 година. Чесите за приоритети го одбраа економијата, енергијата и надворешните односи во чии рамките се Западен Балкан и Источното партнерство во кое влегуваат 6 бивши советски држави.
Финансиската криза која ја погоди Европа во 2008 не е совладана и покрај големите интервенции на државите членки во банкарскиот систем. Кризата започна реално да се одразува врз стопанството и повеке земји влегоа во рецесија. Кризата започнаа да ја чувствуваат и европските граѓани, се вели во последното истражување на Евробарометар. Дури за 25 насто опадна бројот на граѓаните кои сметаат дека сегашната економска ситуација е добра, а над половината европејци очекуваат невработеноста да расте. Клучен наод е и верувањето на над половината европјеци дека ЕУ поради својата големина не може да им помогне повеке одколку што можат националните држави и таа информација европските водачи ке мораат да ја имаат на ум при следните планирања. 2009 би можела да донесе и конечно решение на институционалните проблеми. По пропаста на првиот европски устав, договорен е Лисабонскиот договор. Него го отфрилја ирците на референдум, а чесите се уште не се изјаснија во Парламентот. Сега се очекува нов референдум во Ирска и чешко изјаснување во Фебруари. Целта е ЕУ во јануари 2010. да ги добие новите институции. На почеткот на јуни 400 милиона европејци ќе бидат повикани на избори за Европски парламент, единствена европска институција која директно ја избираат граѓаните. Овој Парламент ке се бира според старите правила токму поради не донесениот Лисабонски договор, а новите би требало да важат од 1 јануари 2010. Во врска со Лисабонскиот договор Унијата се соочува со правни дилеми кои се очекува да се разрешат во текот на процесот. Доколу Лисабонски договор стапи на сила на 1. јануари 2010, Шведска би моќела да биде последна земја која ќе преседава по сегашниот состав на ротирачко претседателство. Лисабонски уговор предвува и воведување функции претседател на Европскиот Совет и министер за надворешни односи.

Што се однесува до Балканот, Хрватска е во процес на претпристапните преговори, Црна Гора ја предаде својата кандидатура, Тоа се очекува и од Албанија, Србија а можеби и Босна и Херцеговина. Белград би можел да добие кандидатски статус доколку соработува целосно со Хашкиот Трибунал, а Македонија мора да направи фер и демократски избори, да има политички дијалог да продолжи со реформите и на крајот доаѓаат и добрососедските односи како услов за добивање датум за преговори.
XS
SM
MD
LG