Достапни линкови

Регионалните случувања само ќе ги забрзаат сличните тенденции во Македонија, сметаат експертите


Поделба на Косово, за што се погласно се говори дека вовед преставува планот на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, кој се смета дека претставува посегнување по суверенитетот на Косово, односно можност за отцепување на Северниот дел на оваа земја претежно населен со срби, повторно го актуелизира и прашањето за нови поделби на Балканот. Неминовно ова е ситуација која ќе се одрази и врз Македонија, сметаат претставниците на албанскиот политички фактор во земјава:

„Секоја одлука која нема да биде прифатена од легитимните органи на Косово, ќе ја отвори можноста за евентуална поделба на Косово, и ќе има негативни последици и негативно влијание не само за Косово туку и за целиот регион.“

„Јас мислам дека што и да се случи на Косово тоа ќе се прелее и на другите делови на Балканот, а ние сме прва земја, прв сосед со Косово.“


Изјавуваат потпретседателите на ДУИ Џеват Адеми и на ДПА Абдулади Вејсели. Според нив состојбата со Македонија е дополнително искомлицирана и со нашиот неуспех да станеме дел од НАТО.

„Секое останување надвор од глобалните безбедносни системи е само по себе негативен елемент.“

„Се сака да се одолговлечи работата, но за нас е многу битно да продолжат разговорите со Грција и да се најде заеднички ,,јазик“.


Велат Адеми и Вејсели. Со мислењето на политичките субјекти, се согласува и домашната експертска јавност. Повразаност со состојбата на Косово секогаш постоела, дополнително во ситуација кога во Македонија сеуште не е изумрена тенденцијата за внатрешно редефинириање, вели професорот Биљана Ванковска:

,,Тоа на извесен начин нас не става пред дилемата, дали е можно ние да опстоиме како мултиетничка оаза во целиот овој регион во кој секаде околку нас имате хомогени држави. Оние тенденции што постојат, редефинирање на односите во Македонија по етничка линија, овие регионални тежнеења ќе ја забрзаат.“

Вели Ванковска. Аналитичарот Мерсел Биљали пак јасно говори дека членството во НАТО на земјава ќе значеше безбедносна гаранција во овој момент, кога се погласно се говори за опцијата за ново редефинираше на балканските граници:

„Мислам дека конечно структурите треба да се ориентираат одлучно кон евроатлантските процеси.“

Смета Биљали. Опцијата за поделба на Балканот со новиот план за Косово, и можен нов оружен кофликт деновиве ја споменаа и поранешниот аналитичар на ЦИА Стивен Мејер, и последно пораншениот албански премиер Пандели Мајко.
XS
SM
MD
LG