Достапни линкови

Владата не открива податоци за постигнатите ефекти, експертите повикуваат на транспарентност


Септември Италија и месецов Соединетите Американски Држави тоа беа полсендите две големи таканаречено роад шоуа на владиниот тим предводен од премиерот Груевски кој се обидува преку директни контакти со инвеститорите да ги донесе во Македонија. Епилогот од последното патување е потпишувањето на три меморадуми за рабирање. Со компанијата за прозиводтво на чипови интел, со универзитетот во Бостон и со американската агенција УСАИД. Владата потроши 100 илјади евра за седум дневното патување а донесе само потпишани меморандуми кои може да се склучат и од дома преку интернет а не донесе ниту еден долар иневестиција веданш обвини опозицијата. Го прашавме министерот за економија Фатмир Бесими колку странски иневстиции се дојдени во земјава на тој начин односно преку Роад Шоуата:

„Јас во моментов неможам да ви кажам кои се, но има евиденција која може да се види на веб страната на Агенцијата за странски инвестиции, може да се види кои се компаниите кои инвестирале во Македонија и оттаму може да се види кои од тие компании биле посетени.“

На страницата на Агенцијата за странски инвестиции нема такви податоци. На неа можат да се прочита дека во 2006 година директните странски инвестиции биле најголеми а лани пак тие изнесувале повеке од 300 милони америкаснки долари. Мегу големите компании кои се дојдени во Македонија наброени се ЕВН, Т Мобајл, Сосиете Женерал, Џонсон Контролс, Митал Стил, Дуферко и други. Но нема податоци кои од нив се дојдени преку контактите склучени на Роад Шоуата. Ниту директорот на агенцијата Виктор Мизо не ни даде таква информација. Но мистерот Бесими одговори на обвинувањета на социјалдемократите за непотребно трошење пари

„Ќе дадам одговор преку една паралела која ќе ја направам со приватниот сектор. На освојување на нови пазари приватниот сектор секогаш вложува, така и државата за освојување на нови инвеститори прво мора да вложува во тој проект, за да може да ги привлече во Македонија.“

вели Бесими и додава дека патувањата на владиниот тим се само дел од напорите кои се прават за привлекување на инвеститори.Тоа не е ништо ново и го прават и други земји - потенцира Бесими

„Така прават сите што сакаат да привлечат инвестиции и тоа не единствениот начин на кој ние работиме. Тоа се прави преку реформите, политиките кои ги правиме и други начини на промоција, а ова е еден од начините кој се применува, со цел да се даде поголема актуелност, затоа што само на највисоко политичко ниво ние можеме да привлечеме внимание меѓу луѓето во тие големи компании кои носат одлуки.“

Во мегувреме економските експерти во земјава со поделени мислења дали ова е вистинкот начин за привлекување на странски инвстетори. Според економскиот експерт професор Тихомир Јовановски за да се оцени успешноста на роад шоуата треба да се почека да помине време

„Ако парите што ги потроши владата за одењето во Америка, за да ја афирмира Македонија, да покаже колку е зрела за прифаќање на странски инвестиции, се во многу мал процент од она што би дошло оттаму, тогаш нема смисла да разговараме за тоа. Но, доколку е обратно, односно нема ефект, тогаш ќе може да говориме. Но, најпрво треба да се видат ефектите.“

Важно е што преку директните средби Македонија прака сигнали и информации за можноста за инвестирање но какви ке бидат резултати во овој момент не може да се оцени смета и Професорот на Евроспкиот универзитет Алекса Стаменковски:

„Мора да понудиме ние и да им кажеме што кај нас како интерес ќе имаат, значи од аспект на даноци, даночна политика, безбедност, стабилност на државата итн. Тоа што ние го имаме како предност, условно речено, ние мора да го презентираме и мора да им кажеме на другите земји во светот, дека еве ние сме тие кои што ги имаат тие работи – повелете, дојдете да работиме.“

Патувањата на владините преставници треба да се гледаат како дел од сите чекори кои ги прави за привлекување на инвестиции вели Маријан Николов од Центарот за економски анализи. Тој не го смета ваквиот потег како што вели за нелегитимент но додава дека очекувањата на граганите од ваквите активностите се големи па владата мора да биде потранспарентна

„Меѓутоа не слушнавме нешто транспарентно, кои се резултатите од тоа, што е постигнато од сето тоа, кога ќе се постигне... Се некако се пролонгираат роковите, еве сега има изјави дека тоа ќе се случело за пет-шест години. Значи и покрај легитимноста на чекорите кои што ги презема Владата еве и ова последното патување во САД, би требало да има поголема транспарентност.“

Не е проблемот во тоа дали ке се потрошат пари за кампањи туку дали придобивките од нив ке бидат поголеми од трошоците потенцира Николов

„Мора да има некој пресек период, во кој ќе се направи анализа за тоа, дали она што е потрошено се постигнати некои ефекти и владата таквите информации не треба да си ги држи сама за себе, туку треба да ги сподели со јавноста. Настрана од она што значи ,,препукување“ позиција – опозиција, тоа нас не не интересира, нас не интересира како даночни обврзници, дали она што е инвестирано во кампањи и во економски промотори и во сите овие сосема легитимни активности на владата, значи мора да има некој период во кој ќе се пресече и ќе се каже, ајде сега да видиме кои се резултатите од тоа.“

Инаку податоците за странските директни инвестиции кои влегле во земјава лани на народна банка на репулика Македонија се различни од оние кои се презентирани на интернет страницата на агенцијата за странски инвестиции. Според методологијата со која Народната Банка ги пресметува инвестициите во 2007 година во земјава се инвестирани околу 506 милиони евра. И додека бројките се различни, а експертите апелираат на поголема транспарентност до владата стигнаа и критики зошто последното Роад шоу во Соединетите Американски Држави се случи токму во период кога тамошната економија е во рецесија. Дали патувањата и средбите во оваа ситуација воопшто би имале ефект спореше опозоицијата и дел од експертите. Директорот на агенцијата за странски инвстиции Викотр Мизо вели дека производствените и сервисните компании со кои соработуваат досега не дале сигнали дека имаат намера да ги одложат своите иневстиции поради еконсомките проблеми во сопствените земји

„Досега ниту една компанија директно нема кажано дека се откажува од некои намери за кои ние сме разговарале со нив. Значи никој не одложил посета на Македонија, ниту пак компаниите со кои веќе сме стигнати во длабоки разговори и преговири, не ни рекле: Дајте да почекаме што ќе се случи за шест месеци.“

Минситерот за економија Бесими пак деновиве изјави дека Македонија дури може да има и корист од влијанието на светската финансиска криза, бидејќи како што рече големите компании можат да ги пренасочат своите бизниси на пазари како што е македонскиот.Ваквите тези не се нерални вели економистот Абдулменф Беџети. Но на нив тој поставува и контра прашање

„Нели потенцијални инвеститори сега обично се движат во земји кои што се најмалку зафатени од кризата и прашањето треба да се движи во насока на тоа, дали меѓу тие земји Македонија може да биде конкурентна, и прашањето треба да се движи во таа насока. Така да дури и вака да се постави прашањето, мислам дека Македонија не е алтернатива на други земји во регионот, како што се Албанија, Бугарија, Србија, па дури и Косово.“

Во мегувреме и покрај сите активности кои ги презема владата како економските промотори кои ги испрака во странство, патувањата или пак кампањата Макеодонија инвестициски рај во чии рамки беа обајвени рекланми огласи во светски познати списанија и весници земјава останува на дното според вложениот странски капитал.
Според анализата на Виенскиот институт за меѓународни економски студии Македонија лани била полседна на листата од 20 држави од Централна Источна и Југоисточна Европа според странските директни инвестиции. Институтот за годинава предвидува зголемување на инвестициите во Македонија,Албанија, Полска и Романија.Засега н првите три земји кои најмногу инвестирале кај нас според агенцијата за старнски иневстиции се Австрија, Грција и Холандија. Најмногу пак пари влегле во секторот за електрична енергија гас и вода. Последното патување на владата во Соединетите Американски Држави имаше за цел да ја промовира Македонија како земја погодна за инвестиции во информатичкиот сектор област која досега не фигурира на табелите за директбни инвестиции. Последното рангирање на земјава според кредитниот рејтинг кое го изврши Мегународната агенција Фич ја спушти земјава од позтивен во стабилен рејтонг. Мегудругото ваквиот исход како што наведува агенцијата го предизвика и политичакта состојба однсоно проблематичните избори, грчкото вето за влез во НАТО и се поголемото одалечување од Европската Унија. Министерот за финансии Трајко Славески одбегна да одговри директно колку ваквото опагање на ранг листите ке влијаат врз странските инвестииции во земјава.
XS
SM
MD
LG