Достапни линкови

Односите низ историјата меѓу Македонија и Соединетите Држави


Изборите за нов претседател на САД беа означени како историски, а назначувањето на првиот афроамериканец во Белата Куќа како уште еден демократски исчекор во американското општество. Промената на американската администрација во Македонија ја отвори дебатата за можноста тоа да ги смени американско-македонските односи и посебно да го смени духот на поддршката во спорот за името поради традиционалната демократска поддршка на грчката позиција.

„Иако имаше некои проценки дека и Балканот и регионот на Југоисточна Европа во надворешно политичката програма на Барак Обама нема да бидат таков приоритет како досега на американската администрација, јас сепак мислам дека тие ќе останат на врвот на приоритетите и дека САД нема да се дезангажираат од проблематиката на Балканот, во тие рамки и на Македонија па и на ЈИЕ од ориентацијата на надворешната политика. Така што очекувам, барем исто толку интензитет на тој интерес како и досега.“

Изјави професорот Димитар Мирчев.
Самитот на НАТО во Букурешт на кој Македонија не доби покана за членство, од друга страна ја отвори најновата страница на традиционалното македонско-американско пријателство, како што тоа го нагласија повеќепати македонски и американски државни претставници. Неуспехот на американската поддршка да се добие поканата беше заменета со потпишување на договор за воено техничка соработка кој македонските власти го протолкуваа како инвестиција во веќе постоечкото стратегиско партнерство со Вашингтон. Потребна е добра анализа да се види зошто САД не усеаја да го совладаат грчкото вето во Букурешт и зошто од листата на приоритети што суперсилата сакаше да ги постигне на овој самит не постигна успех и за Македонија:

„Анализите за после самитот на НАТО, зошто всушност американската поддршка за македонско членство во НАТО не успеа, укажуваа на тоа дека од приоритетите на САД, Македонија беше еден вид жртва, значи беше пожртвувана со цел да се внесат другите земји членки во НАТО кои што беа на листата со нас, Хрватска и Албанија. Интересот беше да се добие консензус во Алијанста околу поставувањето на антиракетниот систем во Чешка и од оваа листа што Соединетите Држави ја донесоа на самитот на НАТО успеаа да издејствуваат „едно и пол барање.“

Вели аналитичарот Илија Талев. И по самитот, САД јасно ја демонстрираа заинтересираноста да се надмине спорот за името со соседна Грција. Последните месеци од владеењето на Бушовата администрација и пошироко се сметаа за најдобар период да се реши ова прашање поради информациите дека Буш е заинтересиран за тоа. Од друга страна, таков ангажман не се очекувал од новиот претседател без оглед дали тој би бил Обама или Меккејн. Во Македонија беше нашироко популарна одлуката на Буш првиот ден по реизборот за претседател во 2004 година да ја објави одлуката да се признае Македонија под уставното име. Дури и за македонските граѓани ова значеше популарност на републиканскиот кандидат на последните избори. Најголем број аналитичари сепак водењето на надворешната политика од страна на американската администрација го сметаат за дел од долгорочната стратегија, а не за директно произлезено од администрацијата која со изборите се смени:

„Мислам дека надворешната политика на САД долгорочно се креира, така што може да има измени само во нијансите во спроведување на таа политика, негледам дека ќе има големи промени.“

Вели аналитичарот Мерсел Биљали.
Дел од долгорочната стратегија на САД е стабилен Балкан и во тој контекст целосна вклученост на земјите од регионов во Алијансата, анализира професорот Димитар Мирчев:

„Интересот на САД е стабилност и се разбира зачувувањето на глобалниот статус кво, кој што го дефинира системот во кој што живееме како униполарен кој што го одредува САД како единствената супер сила по завршувањето на Студената Војна. Значи за Америка е многу битна таа стабилност која што ја гарантираат со финансиската поддршка, со техничка подршка за новонезависните земји.“

„Интересот на таа политика е овој регион прво да се стабилизира и второ целосно вклучување на регионот во НАТО тоа значи да нема „дупки“ какви што се земјите од Западниот Балкан вклучувајќи ја и Македонија.“


изјавија аналитичарот Илија Тилев и професорот Димитар Мирчев.
Интересот и ангажираноста на САД за Македонија станува значаен во несигурниот период на осамостојувањето на државите од поранешна Југославија. На моменти преовладува претпазливоста, па затоа најпрвин наместо признавањето на Македонија да се случи под уставното име, под влијание на грчкото ембарго и грчките резерви во однос на македонското име како и нестабилноста во поширокиот регион, овој потег требаше да почека над една деценија. Но затоа 300 американски војници во составот на УНПРЕДЕП во 1993 година ја изразија поддршката во несигурните времиња. Некои аналитичари сметаат дека амариканката заштита била клучна за избегнување на реализацијата на некои катастрофични сценарија од страна на соседите како што е тајниот српско-грчки план за поделба на Македонија во времето на Милошевиќ.

„Приоритет навистина станавме за САД после 2001 година кога Америка го искуси терористичкиот напад на 11 септември, и непопуларноста на претседателот во Европа ја направи Македонија многу битна за САД. Тука да не заборавиме е и договорот меѓу Макеоднија и Соединетите Држави кој што беше критикуван од Грција и ЕУ, за измање на американски војници и граѓани за испраќање пред Меѓународниот суд во Хаг.“

Објаснува политичкиот аналитичар Илија Талев.
Најпрвин од економски, а подоцна и од политички причини САД покажуваат заинтересираност за Македонија од првата половина на 19 век. Сепак Балканското подрачје за САД бил сеуште духовно заостаното подрачје кое не свртува посебно внимение ако тоа не се случело со аферата врзана за мисионерката Елен Стоун многу подоцна. Иако, уште во втората половина на 19 век на Цариградката мировна конференција американската дипломатија го поставува македонското прашање при што застапува став за решавање на прашањето преку автономија на Македонија. Во времето на претседателот Рузвелт ова прашање е повторно отворено и тогашната американска администрација повторно дава поддршка за автономијата на Македонија што е програмска цел на македонското ослободително движење. Во текот на Илинденското востание во САД се формира посебна лоби група од познати политичари која бара од централната американска влада интервенција во македонија за спроведување на реформите и радикално подобрување на сосотјобата.

„Тие беа единствената голема држава која што во време на одржувањето на мировната конференција во Букурешт интервенираше со нота упатена до учесничките на конференција, со која се бараше да се внесе посебна клаузула во мировниот договор со кој што ќе се заштитуваат правата на македонското население во деловите што балканските држави ги окупираа и се подготвуваат да ги анектираат.“

Раскажува историчарот Михајло Миновски.
Во периодот меѓу двете светски војни владее изолационизамот во американската политика а македонското прашање влегува во тн балканизмот под шро подразбирале регион во којшто се случуваат голем број судири и насилства. Во кој сиромаштијата е правило и каде што населението не е подготвено да ги прифати западните правила и култура зошто сметале дека ориенталниот карактер на турците ги одзел европските вредности. Слабиот интерес за македонското пнационално прашање во овој период се должи и на конфузијата каково би било решението, а особено било проблем утврдувањето на идентитетот на македонското население. Самостојна воена мисија на територијата на македонија САД испраќаат кон крајот на Втората светска војна. Во своите извештаи на американската известителна служба јасно се дефинирани целите на македонската национална борба.

„Во извештаите е многу јасно дефинирано кои се целите на Македонската Народно Ослободителна Борба, дека се борат за обединета, независна и самостојна Македонија. Тие го признаваат македонскиот ентитет, дури и сметаат дека единственото решение на македонското прашање е во обиденета Македонија, односно обединување на трите дела.“

Вели професорот Тодор Чепреганов.
Сепак под британско влијание македонската држава се признава само во рамките на Југославија. За време на граѓанската војна америка застанува зад Грција но и покрај тоа во своите извештаи американците не отстапуваат од фактот дека на оваа територија живеат Македонци, додава Чепреганов. Македонскиот интерес бил од секогаш врзан за поддршка на независноста од една светска супер сила како што се САД заклучува Чепреганов. На овој начин се формирани и сите држави на Балканот, вели тој. Македонија имала секогаш посилни учесници од себе во таа игра.
XS
SM
MD
LG