Достапни линкови

Постојните закони и даваат можност на владата за покачување на пензиите


По постапките на Уставниот Суд во врска со ветеното покачување на пензиите, како и за обврската трговците одвоено да го пресметуваат прометот, мегу правните експерти преовладуваат гледиштата дека постојните закони и даваат можност на владата за зголемување на пензиите, но дилеми има за правилникот со кој беа воведени фискалните патриотски каси. Тодор Каламатиов професор по предметот Трудово Право, смета дека покачувaњето на пензиите не се коси со законот за пензиско и инвалидско осигурување, а професорот Осман Кадриу кој дели слично размислување очекува дека пензионерите не би требало да стравуваат од одлуката на Уставниот Суд:

„Согласно законот пензиите се валоризираат со коефициент два пати годишно.“

„Станува збор за одредено усогласување кое е одраз на сите овие збиднувања, зголемувања на животните трошоци, така што според мое мислење не верувам дека има простор за преиспитување на уставноста на законската обврска.“

Законот за пензиско осигурување налага пензиите да се усогласуваат со пресметување на порастот на платите и процентот на инфлација. Затоа Судот се сомнева дека извршната власт навлегала во делокругот на законодавната власт. Во врска пак со постапката за оценката на првилникот со кој беше воведена обврскаат з анабавка ан фисклни патриотски каси уставните судии констирале дека тој правилник не е во согласност со законот за регистриарње на готовинското плакање бидејки во него не е предвидено прометот да се класифицира според потекло. Правните експерти се согласуваат со согледувањето на дел од судиите во расправата дека новите правила немаат основа ниту во законот за ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ во која се регулира слободното движење на стоки мегу земјите потписнички:

„И во таа смисла кога се анализираат и другите закони кои што се донесени од нашиот Парламент, а со цел да се овозможи нашето членување во ЕУ, сметам дека оваа разлика што сега се прави е непотребна и го делам мислењето дека тука треба да се гледа на ист начин, со исти критериуми како за домашните така и за странските производи.“

Доколку таа одлука биде поништена ке се отвори чувствително прашање бидејки во земјава според неофицијлани податоци има околу 55 илјади фискслни каси. Според професорот Осман Кадриу, кој изразува забелешки за начинот на кој се носат дел од решенијата не е исклучено во наредниот период пред Уставниот Суд да се најдат и други закони, како оние што во скратени рокови беа донесени во парламентот:

„Прашањето до владата и парламентот е дека некои закони, некои одлуки се донесвуаат во некоја брза постапка без темелно да се простудираат, тука мора да се внимава.“
XS
SM
MD
LG