Достапни линкови

Аналитичарите поделени за тоа дали е можно до министерскиот состанок на НАТО да се најде решение


Ден по средбата на макeдонските преговарачи во спорот со името Димитров и Протоѓер со медијаторот Нимиц од кабинетот на претседателот Црвенковски се оградуваат од било каков коментар. Од таму упатуваат на вчерашните изјави на преговарачите бидејки како што велат тие биле упатени во случувањата. Димитров пак по вчерашната едночасовна средба со медијаторот во Њујорк изјави дека биле пренесени познатите позиции на Македонија во однос на неговиот последен пакет идеи и дека биле понудени и реафирмирани аргументите кои стојат зад интересите на државата и нацијата. Коментар засега нема ниту од владиниот кабинет. Во меѓувреме додека државниов врв во Скопје молчи за најновите случувања во процесот на преговорите, високиот американски дипломат Даниел Фрид порача во наредниве пет недели односно до министерскиот состанок на НАТО, Македонија да се обиде да ги вгради своите забелешки во пакетот идеи на медијаторот. Аналитичарите со поделелени мислења колку е тоа возможно. Најверојатно и сега македонските преговарачи се обидуваат да ги решат идентитетските прашања во наша полза, смета Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики:

„Можно е тоа да се реши во наша полза доколку постигнат компромис за главната работа за името на земјата.“

Поранешниот дипломат Ристо Никовски за разлика од Даскаловски е песимист. Според него што и да се обиде да вгради македонската, нема да биде прифатено од грчката страна:

„Договор, компромис со Грција кои би ги зачувал нашите минимални барања е невозможен, не само на краток рок, туку и на подолг рок.“

Но Даскаловски предупредува дека постигнувањето евентуален компромис ке зависи и од односите мегу претседателот и премерот односно мегу двете најголеми партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Следуваат претседателки и локални избори па оној кој ќе ја преземе одговороноста може да биде обинет за предавство додава Даскаловски. Според него во последно време има приближување на ставовите на Груевски и Црвенковски бидејќи владата која претходно инсистираше на двојната формула сега инситира на зачувување на идентитетот, приоритет кој постојано го истакнува претседателот:

„Можно е и претседателот и премиерот во меѓународните разговори да имаат некој заеднички став, а внатре во Македонија настапуваат сосема на друг начин. Сепак тешко е да се претпостави бидејќи јавноста како целина нема доволно информации како се одвиваат преговорите и со кои ставови одат македонските преговарачи на тие преговори.“
XS
SM
MD
LG