Достапни линкови

Груевски останува на ставот за двојна формула Црвенковски бара модификации, велат дипломатски извори


На последната координација на државниот врв за името која се одржа пред точно една недела претседателот и премиерот не ги приближиле своите ставови, дознаваме од наши извори. Нивните проценки се дека тоа нема да се случи ниту на средбата која треба да се одржи деновиве. Имено како што дознаваме Груевски инсистирал на двојната формула, а Црвенсковски на сериозни модификации на делови од пакетот идеи на Нимиц за тој да може да преставува основа за понатамошни разговори. Нашите извори велат дека двојната формула всушност подразбира да не се даваат никакви забелешки на предлогот на Нимиц туку тој да се одбие. Со таа формула владата инсистира уставното име да се употребува во целиот свет и во сите мегународни институции, а со друго име да не нарекува само Грција. Според изворот со кој разговаравме тоа значи дека нема зошто да се бара од медијаторот да изврши модификации на она што се сметаше за неповолно за Македонија во неговиот последен предлог, односно терминот со кој ке бидат заведени јазикот и нацијата во мегународните институции, или пак опсегот на употребата на компромисното име. Во очекување на новата координација на државниот врв универзитетскиот професор Денко Малески сугерира дека мора да се изгарди државно единство околу барањето на како што вели, достоинствено компромисно решение:

„Не не обврзуваат ниту конкретните решенија на Нимиц, доколку не сме во состојба прво критички да ги анализираме и евентуално да предложиме нешто подобро.“

Доколку пак Македонија одлучи да го отфрли последниот предлог на Нимиц тогаш ке се одолговлечи нашето евроатланско интегрирање, смета Малески. Иако спорот трае веке 17 години досега неговото решавање не се наметнуваше како услов за интегрирањето, па политичките елити не беа заинтересирани за поголем ангажман во тој процес, додава тој:

„Е сега и покрај фактот што ние навистина сакаме да влеземе бргу во НАТО и ЕУ, ние мораме добро да отвориме очи и да видиме што нечини во планот и да не се обврзуваме на работи кои што послени ниту членство во НАТО, ниту членство во ЕУ, би можеле да ги поправат.“

Инаку како што се дознава во процесот на преговорите периодов не се случувало ништо ново. Домашниот државен врв молчи до новата координација, а нашите извори велат дека не се оствариле контакти ниту со Њујорк односно од медијаторот Нимиц кој деновиве бил на одмор. Пред заминувањето кога и се сретна со македонскиот и грчкиот преговарач Димитров и Василакис тој неформално најави дека забелешките од Скопје и Атина ги очекува за неколку недели. По предавањето на пакетот идеи оваа е втората недела која истекува без конкретен одговор од македонскиот државен врв.
XS
SM
MD
LG