Достапни линкови

На Македонија не и одговараат со оглед на фазата во која се наоѓаат преговорите за името


Во леринското село Забрдени денеска е мирно. Грчката војска е распоредена во околината, но засега го почитува договорот и нема никакви вежби вели Анастазис Паризис од партијата „Виножито“. Според него завчерашниот инцидент меѓу локалното македонско насление и грчките безбедносни структури е наместен од страна на владата во Атина. Ваквиот потег има двојна цел вели Паризис:

„Една е целта за притисок кон Македонија, поради преговорите за името, а друго сметам дека тоа е против населението.“

И домашните аналитичари со став дека инциденот има своја намена во поширок контекст. Земајки ја во предвид фазата во која сега се наоѓаат преговорите за спорот со името, на Македонија не и одговара сето ова што се случи во Леринско вели аналитичарот Алберт Муслиу:

„Го слушнавме портпаролот на грчката влада, значи веќе имаме поостар тон од негова страна. Јас неверувам дека Грција ќе се стави себеси во некоја позицијата поради овој проблем во спорот со името.“

Универзитетскиот професор Владо Поповски пак смета дека не може да се прецизира дали инциднететот е предизвикан со цел да му одговара на некого:

„Но во секој случај тоа што се случи, дава основа институциите во Брисел да реагираат во смисла на смирување на страстите на страната на Грција, бидејќи јасно е дека Грција е посилниот фактор кој што ги диктира односите околу името.“

Премиерот Груевски кој се наоѓа во Брисел пак вчера најави дека ги информира преставниците на ЕУ за случувањата кај нашиот јужен сосед. Поповски вели дека неможе со сигурност да се очекува реакција на Брисел која би била во наша полза:

„Бидејќи во меѓународните политички односи не се одвиваат работите, според фактите и според некоја објективна вистина. Меѓународните инситутуции покрај другото реагираат со оглед на други параметри кои што можат да привилегираат одредена страна.“

Неспорно е дека може да добиеме морална подршка од Евроспката унија но тоа нема користи во процесот на прегворите за името смета Муслиу:

„Прашање е какви механизми има Европската Унија, какви санкции може да спроведе кон Грција. Единствен механизам кој постои е Советот на Европа кој може да реагира преку Судот за човекови права.“

Паралелно со реакцијата на македонскиот премиер вчера во јавноста излегоа и речиси сите полтички партии кои ги осудија случувањата во Грција. Аналитичарите со став дека нивната реакција е оправдана бидејки како што велат и самиот потег на Атина преставувал политичка порака на која треба да се одговори.
XS
SM
MD
LG