Достапни линкови

Поддршката за признавање расте, а Македонија може да ја загуби поддршката за уставното име од Србија


Образложението е познати и властите го повторуваа повеќе пати, Македонија во поглед на признавањето на Косово ќе се води од националните интереси во смисла на нерешените прашања со Косово, пред се демаркацијата на границата, како и одржувањето на добрососедските односи со Србија, а поради нејзината новоустановена политика на прекинување на дипломатските односи со сите земји кои го признале Косово. Ако се анализираат до сега напоменуваните услови, тие се пред нивното решавање, вели аналитичарот Ризван Сулејмани:

Марија Ристевска од центарот за истражување и креирање политики вели дека сите истражувања
на граѓаните на Македонија покажуваат дека поддршката во полза на признавањето на Косово расте. Според нејзините анализи не постојат индиции дека при таков исход, Македонија би имала некакви негативни политички или безбедносни импликации, дури и во поглед на добрососедските односи со Србија, за кои се смета дека признавањето на Косово може да ги загрози. Единствената опасност од таму во овој историски момент за Македонија е да се изгуби поддршката околу признавањето на уставното име:

„Тоа што во овој историски момент е битна работа и поради тоа верувам дека владата и го одложува признавањето за да не изгуби уште некоја земја којашто ја признава Македонија под уставното име.“

Атмосферата околу македонското признавање на Косово неколку пати се загреваше и се враќаше на почетокот. Извори од македонската влада велат дека станува збор за медиумски приказни, настанати под влијане на косовските медиуми, дека Македонија се наоѓа пред одлука да го признае новиот сосед на својата северна страна. Нема најави дека тоа ќе се случи наскоро, велат овие извори и не се определени никакви конкретни рокови, што на решението му дава голема доза неизвесност.
XS
SM
MD
LG