Достапни линкови

Препукувањата во државниот врв лош знак за оние кои сакаат да ни помогнат, оценуваат експертите


Претседателот Црвенсковски денеска во Њујорк се среќава со помошникот американски државен секретар Даниел Фрид. На срдебата која според првичаната најава требаше да се одржи вчара како што изјави синока Црвенскосвки главна тема ќе биде името:

„Господинот Фрид сака да се информира како оди процесот, до каде сме и што е тоа што САД може да понудат како добра помош со цел понатамошно поуспешно одвивање на тој процес и доаѓање до евентуално заеднички прифатливо решение.“

Медијаторот Нимиц пак како шро изјави Црвенковски синоќа по средбата најавил дека следната недела ке свика нова рунда на раговори на кои очекува да ги слушне оценките на Скопје и Атина за предлозите кои им ги изнесе на преговарачите во Њујорк минатиот месец:

„Јас го запознав дека за жал ние во Македонија сеуште не успеавме да организираме заедничка средба на којашто ќе го разгледаме предлогот и ќе дефинираме заеднички усогласен став, меѓутоа, се надевам и убеден сум дека после моето враќање во Скопје, таква средба ќе се организира и дека на таа средба амбасадорот Димитров ќе дојде со јасни инструкции и позиции околу последните предлози на амбасадорот Нимиц.“

Несогласувањата мегу Црвеснковски и Груевски пак стигнаа и до медијаторот. Тој синоќа изјави дека дека не гледа разлика меѓу ставовите на Владата и Претседателот за името и дека тоа не е пречка преговорите да продолжат наскоро. И Црвенсковски по низата пораки кои од Скопје му ги испрати премиерот одговори - не сум дојден да го решам проблемот со името туку да учествувам на генералното собрание на Обединетите Нации. Министерот за надворешни работи Милошокси пак кој исто така е во Њујорк изрази разочарување поради тоа што Црвенсковски инстирал да се сретне со Нимиц сам. Овие препукувања меѓу институциите се лош знак за оние кои сакаат да ни помогнат а добар за Грција, вели универзитетската професорка Биљана Ванковска. Токму поради расправиите таа не е оптимист дека спорот ќе се реши во скоро време:

„Меѓународната заедница не може да наметне решение во ситуација кога внатре постои внатрешнополитички јаз и кавга меѓу институциите. Значи, вие можете да дојдете со предлог да го решите прашањето, но треба да најдете соговорник на македонска страна, ние на македонска страна имаме двајца соговорници.“

Инаку Нимиц вчера се сртена и со грчката шефица на дипломатијата Бакојани. бараме решение со кое нема да има поразени - повтори таа. Денеска на нејзината агенда е и средбата со американскиот државен секратр Кондолиза Рајс.
XS
SM
MD
LG