Достапни линкови

Пратенички прашања во парламентот до премиерот


Иако има дилеми околу динамиката и времетрањето кои во наредниот период ке се разгледуваат од сите пратенички групи, предлогот на Националниот демократски институт за воведување седница на која премиерот ќе одговара на пратенички прашања, начелно е прифатлив за сите пратенички групи. Треба да видиме и да се усогласиме на кој начин да се воведе премиерскиот час, за да биде спроведлив вели Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ

„Ќе треба усогласување на работата на парламентот, односно на седниците со агендата на премиерот. И затоа многу сериозно може да видиме на кој начин може да се направи тоа без да се блокира работата на Собранието.“

Ќе се разгледаат предлозите на сите пратенички групи, и ако има согласност може многу брзо измените на деловникот да дојдат на дневен ред на Собранието, додаде Бонева. Можноста од услогласување за деловникот е можност барем во овој дел во работата на Собранието да се избришат забелешките во ноемврскиот извешај од ЕК смета Андреј Жерновски од ЛДП. Според него во воведувањето на седицата треба да се следи британското искуство,

„Мора да одвои време за да одговара на прашањата актуелни во дадениот момент. Јас сум за тоа еднаш неделно прашањето да може да се поставува од пратеникот. Нека не биде повеќе од час – два, но има прашања кои застаруваат ако му ги поставам на премиерот после месец дена.“

На овој предлог до кој дојде како една од забелешкиоте за деловникот од страна на Националниот Демократски Институт му претходеше друг во времето на претходниот парламентарен сосотва но тогаш се предвидуваше премерот да одговара на прашања на секоја седница кога има пратенички прашања .

„Во сите демократски земји постои ваков институт. Требаше парламентарното мнозинство при донесуавањето на деловникот да води сметка да се вгради таков институт. Е кога веќе го немаме во деловникот, добра е иницијативата и очекувам најмалку еднаш месечно да има пратенички прашања до премиерот,“

Изјави Цветанка Иванова од СДСМ


Иако не се посочуваат рокови очекувам дека за кусо време ке бидат разгледани забелешките од Нацинлниот Демокртатски иснтитут изјави тахир Хани од ДУИ

„Мислиме дека има добри амандмани, и треба да разговараме и да ги усогласиме овие амандмани за промена на деловникот. “

Инаку пратениците ќе може да поставуваат прашања во ноември кога во Собранието во овој парламентарен состав за првпат ќе се одржи вообичаената седница за пратенички прашања која според начинот на работа се закажува по 100 дена од формирањето на владата.
XS
SM
MD
LG