Достапни линкови

Криза на лидерство во опозицијата, оценуваат политичките аналитичари


Да се избере ли нов лидер или да се почека завршувањето на претседателскот мандат на Бранко Црвенковски и негово враќање во партијата како прв човек? Дилемата треба да се разреши на состанокот на Извршниот одбор на оваа партија, кој откако еднаш беше одложен, треба да се одржи в недела. Откако деновиве претседателот Црвенковски и јавно изјави дека доколку е потребно и за добро на партијата би ја прифатил лидерската позиција, во СДСМ молк.

Дека најголемата опозициона партија е во криза се согласуваат домашните експерти.

,,Недостатокот на здрав, јак, силен, мобилаторски лидершип е јасен. Имаме криза на лидерство,"

вели политичкиот аналитичар Хисен Рамадани

Но нов лидер на чело на СДСМ, не е доволно за окрупнување на опозицијата, смета политикологот Дане Талески. Покрај тоа што новиот лидер треба да го обедини најпрво партиското членство, а потоа и симпатизерите, потребни се итни реформи во париските програми

,,Новиот лидер треба да има една силна поддршка внатре во партијата, и за таа цел оние кои до сега биле во раководствтото, ќе треба своите интереси и суета да ги стават во свој план. СДСМ треба да понуди платформа и програма преку која ќе биде препознатлива во јавноста,"

вели Талески.

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека е опасно функционирањето на една парламентарна демократија без цврста и обединета опозиција. Иако од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да ги коментираат состојбите во опозицијата, аналитичарите велат дека слабата и разединета опозиција и оди во прилог на власта.

,,Апсолутно, секоја власт го дотолчува противникот. Сегашната власт, не се оградува тоа да го користи,"

вели професот Живко Андревски.

По внатрешните превирања во СДСМ кој траат подолго време, неодамна актуелната претседателка Радмила Шеќеринска, поднесе неотповиклива оставка според која тоа ќе ги спречи долгите и непродуктивни расправии, кои и нанеле штета на партијата и на членството. Поранешниот лидер на СДСМ, Владо Бучковски пак деновиве изјави дека се залага за , принудна управа во СДСМ, во која в.д. претседател, заедно со своите соработници, ќе направи се' што е можно да што подобар исход на локалните избори.
XS
SM
MD
LG