Достапни линкови

Сенаторот Барак Обама треба да биде избран за претседателски кандидат


Во Денвер - Колорадо започна националната конвенција на Демократската Партија на која Сенаторот Барак Обама треба да биде избран за партиски кандидат на Ноемвриските претседателски избори. Формално Обама треба да ја прифати кандидатурата во четврток. Според моменталните анкети, тој и неговиот против кандидат од Републиканската Партија Џон МекКејн имаат изедначен рејтинг.

Во Денвер - Колорадо се одржува најголемиот собир на претставниците на Демократската партија на која ќе присуствуваат илјадници гости. Конвенцијата ја следат 20 илјади новинари од Соединетите Држави и од светот. За медиуми овој собир е историски бидејќи прв пат црн американец ќе стане претседателски кандидат на една од двете најголеми партии во Соединетите Држави. На отворањето на Конвенцијата зборуваа ветеранот американскиот сенатор Едвард Тед Кенеди и сопругата на Обама Мишел. Мишел Обама порача дека заедно со сопругот Барак Обама чувствуваат обврска да се борат подобра иднина на идните генерации.

„Барак се кандидира за да стави крај на војната во Ирак на одговорен начин, да изгради економија со корист за сите семејства, да обезбеди здравствената заштита да биде достапна до сите американци и секое дете во Америка да има светска класа на образование од претшколска возраст до колеџ. Тоа е тоа што ке го направи Барак Обама како Претседател на Соединетите Држави.“

Претходно 76 годишниот Сенатор Тед Кенеди кој е болен од малиген мозочен тумор пред насобраните на Демократската Конвенција во Денвер порача дека кандидатурата на Обама нуди надеж за посилна Америка по 8 те години од Бушовата администрација.

„Со Барак Обама, за Вас и за мене, нашата земја ке биде посветена на неговата кауза. Работата започнува. Надежта повторно расте и сонот живее.“

На Обама во трката за Белата куќа му се приклучи и сенаторот Џозеф Бајден, кој ќе биде неговиот кандидат за потпретседател. Сенаторката Хилари Клинтон која во трката за претседателски кандидат на Демократската Партија изгуби од Барак Обама во Денвер изјави

„Апсолутно нема сомневање дека од овде ке излеземе обединетити и тоа е нашата цел. Луѓето веројатно имаат различни патишта до целта, но ние ке бидеме обединети и јас ке сторам се тоа да се случи.“

Сенаторот Барак Обама формално треба да ја прифати кандидатурата кога ке се обрати пред подржувачите на спортскиот стадион во Денвер во четврток. Националната Конвенција на неговиот главен ривал Републиканецот Џон МекКејн ке започне на 1 Септември.
Според последните анкети, Барак Обама и Џон Меккејн се изедначени во трката за Белата куќа.
XS
SM
MD
LG