Достапни линкови

Грузискиот претседател нареди општа мобилизација


Тешки борби избувнаа во Грузиската сепаратистичка република Јужна Осетија. Тблиси соопшти дека грузиските војници завзеле поголем дел од главниот град на Јужна Осетија. Претседателот Микаил Саакашвили нареди општа мобилизација. Руските трупи влегоа во Јужна Осетија со што порасна стравот од поголем воен конфликт.

Шефицата на грузиската дипломатија Екатерина Ткешелашвили изјави дека Тбилиси апелира до светските лидери да да извршат притисок врз Москва со цел да ја сопре, како што рече, директната агресија врз грузиската територија, меѓу што е и авионскиот бомбашки напад врз база во близина на Тбилиси. Апелот на Тбилиси доаѓа откако Москва потврди дека руска воена колона влегла во Јужна Осетија. Руското министерство за одбрана не потврди дека станува збор за 150 возила, тенкови, камиони и војници како што соопшти грузискиот претседател Микаил Саакашвили. Кремљ соопшти дека војниците ке ги заштитат жителите на јужна Осетија од кои мнозинството се руси. Рускиот претседател Дмитриј Медведев кој свика итна седница на националниот совет за безбедност поради борбите меѓу грузиските сили и сепаратистите во Јужна Осетија изјави

,,Во согласност Уставот и федералното законодавство моја обврска како Претседател на Руската федерација е да ги заштитам животите и достоинството на руските граѓани каде и да се наоѓаат. Логиката на нашите чекори ќе зависи од околностите. Нема да дозволиме смрта на нашите сограѓани да мине неказнето."

Претходно, Грузискиот претседател Михаел Саакашвили нареди тотална мобилизација на воените сили, оценувајки дека неговата земја се соочува со воена интервенција од големи размери од страна на руските сили, поради конфликтот во Јужна Осетија. Илјадници грузиски резервисти се повикани во армијата, а Саакашвили, во телевизско обраќање додаде дека руски авиони бомбардирале два грузиски града и ја повика Москва да ги запре нападите.

,,Сакам да му кажам на светот дека тука се случува голема воена агресија. Грузија беше бомбардирана од Руската федерација. Населени и мирни места и тоа е агресија во класична смисла."

Тој соопшти и дека грузиските сили ја имаат контролата врз поголемиот дел на главниот град на Јужна Осетија, Чинвали. Грузијските трупи со употреба на борбени авиони, тенкови и тешко оружје, нокеска презедоа офанзива во сепаратистичката република Јужна Осетија. Рускиот премиер Владимир Путин, кој е во Пекинг, оцени дека грузиските трупи извршиле агресија врз Јужна Осетија, додавајки дека Русија ќе биде принудена да одговори.
XS
SM
MD
LG