Достапни линкови

Рускиот претседател свика итна седница на националниот совет за безбедност


Рускиот претседател Дмитриј Медведев свика итна седница на националниот совет за безбедност поради борбите меѓу грузиските сили и сепаратистите во Јужна Осетија. Грузиските сили навлегле и во главниот град на Јужна Осетија, Чинвали и највуваат дека ќе продолжат со дејствувањето се додека не воспостават ред и мир.

Грузискиот претседател Михаел Саакашвили нареди тотална мобилизација на воените сили, оценувајки дека неговата земја се соочува со воена интервенција од големи размери од страна на руските сили, поради конфликтот во Јужна Осетија. Илјадници грузиски резервисти се повикани во армијата, а Саакашвили, во телевизско обраќање додаде дека руски авиони бомбардирале два грузиски града и ја повика Москва да ги запре нападите. Тој соопшти и дека грузиските сили ја имаат контролата врз поголемиот дел на главниот град на Јужна Осетија, Чинвали. Грузијските трупи со употреба на борбени авиони, тенкови и тешко оружје, започнаа офанзива во сепаратистичката република Јужна Осетија и во досегашните борби, според непотврдени извори, загинале над 15 лица. Грузискиот премиер Ладо Гургенидѕе и грузискиот командант во регионот Мамука Курашвили, изјавија:

„Овие акции на владините сили ќе продолжат се додека не воспоставиме мир.“

„И покрај нашите повици за мир и едностраното примирје, сепаратистите продолжија да ги гранатираат нашите села и ние мораме да го обновиме уставниот поредок во целиот регион.“


Рускиот премиер Владимир Путин, кој е во Пекинг, оцени дека грузиските трупи извршиле агресија врз Јужна Осетија, додавајки дека Русија ќе биде принудена да одговори. Рускиот амасадор во Обединетите Нации Вилаиј Чуркин изјави:

„Како резултат на овие акции, грузиското раководство целосно го загуби кредибилетот на одговорна страна во преговарачкиот процес.“
XS
SM
MD
LG