Достапни линкови

Инвеститорите се заинтересирани за стабилност, безбедност и загарантирано вложување


Политичката стабилност на земјата, опкружувањето и нејзините перспективи за излез на други странски пошироки пазари се едни од најбитните фактори за привлекување на странски инвеститори. Вака,Зоран Ивановски декан на Економскиот факултет при Европскиот Универзитет ја коментира студијата на консултантската компанија „Делојт“ во која за Македонија, Молдавија и Црна Гора инвеститорите од источна Европа покажале најмал интерес за инвестирање, односно за овие земји не биле заинтересирани инвеститорите од западна Европа.

„Очигледно е дека македонскиот пазар е многу плиток. Инвеститорот е заинтересиран да влезе во земја која е стабилна, безбедна, каде што му е загарантирано, не само вложувањето, туку и трансферот на својот профит во матичната земја. Во изминатите години сме сведоци дека голем дел од странските инвеститори имаа и проблеми кога сакаа својот профит да го префрлат назад во соптствената матична држава.“

Но, директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо вели дека ова студија на „Делојт“ не била направена за гринфилд инвестииции одосно била наменета за светските фирми кои сакале да превземат помали компании. Инаку во моментов како што изјави Мизо се работи на завршување на четвртата фаза од кампањата „Инвестирајте во Македонија“, која ќе започне кон крајот на септемви и ке трае до крајот на годинава. За време на ова кампања ќе се таргетираат секторите и списанијата кои за државава имаат компаративна предност во одност на земјите од регионот.

„Паралелно со тоа продолжува работата на сервисирање на инвеститори и посети на странски компании кои доаѓаат и сакаат на лице место да ги видат можностите овде во Македонија. Од почетокот на годинава имаме остварено околу сто посети на странски компании и 20 насто од нив се врз основа на контактите и работата на промотерите.“

вели Мизо и додава дека најмногу странските инвеститори се заинтересирани за инвестирање во металопрепаботувачката и автомобилската индустрија:

Сепак според професорот Ивановски досегашниот обем на странски инвестиции во земјава не е доволен:

„Дали е доволно или не е секогаш филозофско прашање и никогаш не е на одмет да се привлечат повеќе. Последните анализи за состојбата со инвестициите во Македонија покажуваат дека таа сеуште заостанува во однос на земјите од поранешна источна Европа.“
XS
SM
MD
LG