Достапни линкови

Јавниот дифузер во сенка на власта, а повеќето од приватните во сенка на политички фигури


Нема напредок на состојбата во македонските медиуми покажува најновиот извештај на меѓународната организација Фредом Хаус кој го испитува демократскиот напредок на земјите во транзиција. Извештајот покажува дека ситуацијата во оваа област е непроменета од 2004 година, а за разлика од пред десеттина години покажува надолна линија.

И Домашните експерти се согласуваат дека во земјава се помалку има слобода на изразување, а притисокот врз уредувачката политика во медиумите се повеќе се чувствува.

„Состојбата на медиумската сцена во Македонија во основа и никогаш не била розова и никогаш не била оценета од домашни или странски набљудувачи со високи оценки. Она што во последниве година дена ни се случува е само потврда на негативните индикатори. Ние имавме неколку крајно ексцесни случаи на ограничување на слободата на изразување кои беа всушност физички напад на професионални лица од медиумите,“

изјави комуникологот, Климе Бабунски од Институтот за политичко-правни истражувања. Еве ги причините кои според Бабунски предизвикуваат неповолна медиумска клима во земјава.

„Кога јавниот радио дифузен сервис ви е во инзвонредно дебела сенка на политичката власт, тогаш таквата сенка, сакале – не сакале се простира и врз приватните дифузери. На страна, што речиси и нема приватен радио дифузер, што на еден или друг начин, најчесто преку сопственички односи не е поврзан со партиска или политичка фигура.“

Во извештајот меѓудругото се испитува развојот на граѓанското општество, демократското владеење, локалната власт, изборниот процес, независноста на судството и степенот на корупција. Во однос на корупцијата се забележува благ напредок во однос на минатата година, а назадување има во работата на судскиот систем во земјава. Напуштањето на ДУИ од парламентот, нецелосната имплементација на Охридскиот рамковен договор, недостигот на комуникација меѓу владата и претседателот, што предизвика остри критики од страна на Меѓународната заедница се причината поради која функционирањето на националната демократија во земјава се рангира полошо во однос на 2007 година.
XS
SM
MD
LG