Достапни линкови

Прегласување од 300 глачаски места, можното влијание на конечните резултати сеуште непознато


Доколку Државната изборна комисија ги прифати приговорите што до нив се пристигнати од страна на партиите за нерегуларности на денот на изборите, гласањето ќе биде повторено на повеќе од 300 гласачки места, информираат во Комисијата. До ДИК пристигнаа 59 приговори од страна на политичките партии. Портпаролот Зоран Таневски информира:

„Станува збор за околу 300 гласачки места. Приговорите се однесуваат на избирачките места во изборните единици 1, 2 и 6.“

посочува Таневски кој додава дека со оглед на тоа дека станува збор за евентално прегласување во поголем број изборни единици доколку се прифатат преиговорите од партиите, вклучително и веќе поништените избори на 25 гласачки места, повеќе од сигурно е дека прегласувањето ќе има влијание врз конечниот резултат за идните пратенички места:

,,Таму ќе има влијание прегласувањето и нормално е да се очекува дека доколку бидат поништени гласачките места дека може да имаат влијание врз крајниот резултат на изборите.“

изјавува Таневски кој додава дека сепак неможе со прецизност да се утврди колкаво ќе биде влијанието врз крајниот резултат, се додека трае процесот на прифаќање или отфрлање на партиските приговори. Имено, партиите по изјаснувањето на ДИК за нивните приговори што истекува денеска до 19 часот, имаат право на жалба и до Врховниот Суд кој пак има 48 часа на располагање за одлучување по жалбите, а одлуката на судот е конечна. Прегласувањето потоа согласно законот ќе биде спорведено на 15-ти јуни односно две недели по изјаснувањето на Врховниот суд. Партиите од албанскиот блок каде претежно се случија нерегуларностите поднесоа приговори до ДИК. ДПА 15, а ДУИ 13. Во ДУИ велат дека за идната реакција на партијата ќе почекаат прво на одлуката на институциите по нивните жалби за нерегуларности на изборните места. Агрон Буџаку од ДУИ вели дека сепак очекувањата на партијата се дека прегласувањето ќе биде во нивна корист како што покажаа и сите претходни анкети:

,,Дури и површна анализа покажува каков е нашиот сооднос на сили меѓу ДУИ и ДПА, значи 2 спрема 1.“

Поради незадоволството од денот на изборите, ДУИ како што потенцираат вечерва на мирен митинг во Скопје ќе го изрази својот револт.

„Од почеток на кампањата беше јасно што некои групи планираат да направат, но за жал не беа преземени никакви мерки.“

истакнува Буџаку. Во ДПА без коментар за планираниот протест на политичките опоненти како реакција на бројните инциденти на денот на изборите. И во оваа партија надежите се во прегласувањето и прифаќањеот на нивните преговори.
XS
SM
MD
LG