Достапни линкови

Брзо откривање на сторителите и организирање нови избори на проблематичните места


Доколку брзо се откријат сторителите и предизвикувачите на инцидентите кои се случуваа за време на изборите и се организираат избори на местата каде беа затворени избирачките места и се спроведат без проблеми, тогаш овие нарушувања на изборната атмосфера нема да негативно да се одразат на аспирациите на земјава за влез во Европската Унија и НАТО, сметаат некои аналитичари

„Доколку брзо се конституираме како влада, брзо реагираме на проблемите коишто беа уочени во последните месец и пол – два, полека, полека ќе се релативизира оваа состојба, што не е за оправдување и треба да се отстрани до следните изборни циклуси на пролет, до локалните и претседателските избори. Тоа нема да се одрази многу на карактерот и на односот на нашиот пат кон НАТО Алијансата и ЕУ,“

изјави Саво Климовски поранешен претсеател на собранието.

Наспроти неговото мислење пак политикологот Дане Талевски вели дека овие инциденти негативно ќе се одразат на иднината на државата.

„Иако некој пробува да го сврти јавното мислење и да го моделира. Не може да се скрие трагичниот факт дека еден човек загина, а неколкумина се повредени. Имаше прекумерна употреба на огнено оружје. Не треба да ја криеме и да бегаме од вистината, кога таа многу силно ќе одекне низ целиот свет преку извештајот на ОБСЕ и ЕК. “

вели Талевски и додава

Јонуз Абдулаи про декан на факултетот за администрација и политички науки смета дека инцидентите нема да ги влошат меѓуетничките односи,односно како што вели тој овие немили настани кои се случија за време на изборите можат да бидат една од многуте лекции како треба да се справат политичарите со овие сувштествени прашања.

„Не е играчка да се излезе на избори. Треба стратегија. Демократизација во самите политички партии и конечно да не се делат во однос на блоковската поделба, бидејќи светот ја надмина таа блоковска поделба, мислам дека за тоа нема потреба една мала Македонија. Аспирациите на Македонија се кон НАТО и ЕУ,“

посочува Абдулаи.
XS
SM
MD
LG