Достапни линкови

По изборите се очекува Македонија да го признае Косово, сметаат косовските аналитичари


Сеуште нема информација кога ќе се одржи нова средба на мешовитата комисија за демаркација на заемната граница со Косово. Од Владата велат дека членовите на комисијата сами си ја кројат динамиката за работа и само тие знаат кога ќе имаат нов состанок. Исто така од таму информираат дека барањето на српскиот претседател Борис Тадиќ за вклучување на српската страна во процесот на демаркацијата и заканите на жителите на пограничните села Танушевци од македонската и Дебалде од косовската страна дека со оружје ќе ги бранат своите имоти нема да влијаат на работата на комисијата. За ова прашање пак, српските и косовските аналитичари и уредници на медиуми со различни ставови. Бошко Јакшиќ колумнист во српскиот дневен весник „Политика“, посочува дека демаркацијата на границата одсекогаш било чувствително прашање. Тој вели дека за да се реши ова прашање и двете страни треба да се ориентираат на сличностите а не на разликите.

„Доколку се бараат конфликти и се инсистира повеке на различностите отколку на сличностите, тогаш и прашањето за демаркацијата потешко ќе се реши, што значи доколку на Белград, владиката Јован е побитен од прашањето за границата тогаш тоа прашање нема лесно да се реши.“

Агрон Бајрами уредник на косовскиот весник „Коха диторе“ вели дека по изборите сите очекуваат Македонија да го признае Косово како нова република на Балканот.

„Косоварите го прифатија пакетот на Ахтисари, што значи дека го прифатија и фактот дека демаркацијата треба да се направи, дека ова прашање треба да се реши меѓу Македонија и Косово. Секако, ако почнете да ги решавате работите билатерално, тоа значи дека треба да се признаете меѓусебно. Во таа смисла, не сметам дека е услов, туку природена начин на гледање на работите. Македонија го призна Косово со признавањето на овој процес, кој вклучува демаркација на границата.“

Инаку, во неколку наврати Косовскиот парламент расправаше за предлог законите предвидени со планот на меѓународниот посредник Марти Ахтисари во кој спаѓа и демаркацијата на границата со Мкедонија. Според планот на Ахтисари, демаркацијата треба да се заврши за една година,но косовската страна може и да не го испочитува рокот, бидејќи нема правни последици за таквата постапка.
XS
SM
MD
LG