Достапни линкови

Растечките проблеми особено се забележливи во поделената Косовска Митровица


Косово веќе три месеци е независно. Но, неговите граѓани стануваат се посвесни на растечките проблеми кои доаѓаат со државноста. Тоа особено е забележливо во поделената Митровица, каде што секоја заедница има крајно поделени очекувања од косовската независност.

За повеќето жители на Косово прогласувањето на независноста беше вистинска ода на радоста. Вилинистот Гзим Љатифи, како и мнозинство албанци, беше заплиснат со оптимизам на денот кога тоа се случи, седумнаесети февруари. Прославите се уште не се завршени, но реалноста се повеќе ги засенува. Ружица Божовиќ, како и другите кои живеат во српскиот дел на Митровица, жестоко се противи на независноста на Косово и го смета како дел од Србија:

Воопшто не ме лесно кога слушам дека постои некоја нова држава. Да бидам искрена тоа ништо не ми значи, бидејќи моите корени и мојата кариера се тука. Се надевам и на моите деца. Ќе продолжиме да живееме тука и навистина немаме намера некогаш да ја напуштиме Митровица.

Вели Божовиќ. Во Белград кој се противи на загубата на Косово или, како што го нарекува, родното место на српската нација, се повеќе се заговара идејата Митровица и другите косовски места каде што живеаат срби да бидат под српска управа. Ваквата можност го загрижува Љатифи кој вели:

Би им им порачал дека Митровица не може да биде поделена. Границите на Косово се утврдени, а и мисијата на Европската Унија тесно соработува со косовската влада. Ние сега сме држава.

Но ќе мине уште многу време додека, на Косово не ќе му биде потребен меѓународниот мониторинг што е предвиден со планот на специјалниот пратеник на Обединетите нации Марти Ахтисари. Косовските власти би требало да добијат повеќе контрола по петнаесетти јуни кога новиот Устав стапува во сила. Но, како на тоа ќе одговорат србите. Дарко Милошевиќ кој живее во Митровица вели дека најдобар начин за да се избегнат проблемите е да се најде некое компромисно решение:

Ние треба да имаме врска со државата Србија и на таков начин да можеме да го изразиме своето мислење. Мислам дека тоа е најреална слика и оти луѓето кои живеат тука ќе знаат дека некој во Србија стои зад нив.
XS
SM
MD
LG