Достапни линкови

За земјоделците навистина да го зголемат својот приход, потребна е подршка од државата


На потрошувачите им станува се потешко, но тешко и дека на производителите им е многу подобро поради зголемувањето на цените на храната.. Вака гледаат на поскапувањето на прехрамбените продукти земјоделците и експертите од оваа сфера. Единствената придобивка за земјоделците е тоа што годинешнава сезона како резултат на недостигот од храна, ветува откуп на нивните производи и одбегнување на досегашните уцени. Професорот Драги Димитриевски од Земјоделскиот факултет вели дека во некои региони во Македонија се зголемуваат површините под градинарски култури поради тоа што побарувачката е зголемена што се одразува и на порастот на цените.

„Иако кај земјоделците се чувстува задоволство од зголемената побарувачка и моменталниот пораст на цените, сепак зголемувањето на цените на земјоделските производи не е сразмерно со зголемувањето на цените на импутите, што доаѓа од зголемувањето на цената на енергијата, ѓубривата, заштитните средства итн.“

Недостигот од добиточна храна и нејзиниот увоз на страната на млекопроизводителите ја намалува добивката од зголемената цена на млечните производи. Зголемување на производството на жито не доаѓа предвид затоа што е нерентабилно, а и во услови кога поддршката од државата е мала, вели претседателот на Унијата на фармери на Република Македонија Гоко Данаилов:

„Треба да има екстра стимулации за да може да се одлучи да сее некоја житна култура што е стратешка, а да не оди на нешто што е повеќе доходовно, сите тргнуваат од таа економска логика.“

За земјоделците навистина да го зголемат својот приход, ним им е потребна поддршка од државната аграрна политика, вели професорот Димитриевски.

„Значи плаќања по хектар и по грло добиток. Значи оние култури за кои државата ќе почуствува дека на некој начин се и во стратегијата за земјоделство и рурален развој ќе ги подржува и тие култури натаму треба да ги подржува и уште повеќе да го зголемува доходот кај земјоделците.“

Додава Димитриевски Сепак тој напоменува, Македонија е мал и незналитечел играч во глобалното задоволување на потребите од храна, па најмногу треба да мисли на се позагрозените потрошувачи.
XS
SM
MD
LG