Достапни линкови

Не треба да бидете обесхрабрени, многу е битно да се продолжи со реформите


Многу сме тажни поради одлуката од Букурешт, што е споделено насекаде во Европа. Но, мојата молба е не бидете обесхрабрени, многу е битно да се продолжи со фокусираноста на реформите. И морам да кажам дека сум многу охрабрен од изјавите на претседателот Црвенковски и премиерот Груевски кои вчера многу јасно соопштија дека сега приоритет за земјата е да се продолжи со реформите. Колку овие реформи се завршат побрзо, толку побрзо земјата ќе и се придружи на Европската Унија. Не треба да заборавиме дека Македонија и припаѓа на Европската Унија. Ова може да биде историска година за државата, кога наесен Европската Комисија ако има доволно аргументи ќе препорача датум за отпочнување преговори и мислам дека се насетува позитивна порака. И како што реков во меѓувреме ние работиме на многу конкретни програми, ги забрзуваме преговорите за либерализација на визниот режим, се разбира продолжуваме и со финансиската поддршка и заклучокот околу тоа ќе им испрати многу позитивна порака на граѓаните на Македонија, и ќе покаже дека земјата навистина и припаѓа на ЕУ. Сето ова мислам дека ја потенција пораката на охрабрување до сите граѓани и до сите политички лидери да работат заедно во духот на консензус. Во врска со можноста за повторување на сценариото од НАТО и во ЕУ ќе кажам дека Европската Комисија не одлучува со консензус, туку со мнозинство и Комисијата е целосно самостојна да препорача датум за преговори за пристапување во ЕУ.
XS
SM
MD
LG