Достапни линкови

Тема што ќе биде присутна во Македонија, но не треба да предизвикува криза, оценка на експертите


По конфликтот во 2001 постоеше голем скептицизам дали во Македонија може да се гради трајна стабилност и одржливост на општеството, но по неколку години сликата за земјава на тој план беше позитивна. Во извештајот на Европската унија за 2007 и во официјалните изјави на меѓународните претставници можеме да ги најдеме следните оценки, рече претседателот Бранко Црвенковски во годишното обракање во Собранието и додаде

„Непостоење на континуиран и продуктивен политички дијалог. Ниско ниво на политичка култура. Перманентни политички тензии и слично. Притоа, ако не директно, тогаш индиректно, овие квалификации се поврзуваат со прашањата од сферата на меѓуетничките односи.“

Како теми во 2007 се наметнаа составот на Комитетот за односи меѓу заедниците, прашањето кои закони ке се гласаат со бадентер, употребата на јзаиците, правата на борците на ОНА, се случи договорот од 29 мај мегу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети кој стана услов за евроатлантскиот процес. ДУИ побара македонските Албанци да бидат вклучени и во преговорите за уставното име со Грција, за што експертите коментираат:

„Формално по клуч вклучување на македонските малцинства во ваков тип на преговори сугерира некаков тип на консензуална демократија, и сугерира случајност по клуч која е незгодна, со лоша симболика и генерално не треба да се прифати,“

изјави Љубомир Фрчкоски професор на Правниот факултет во Скопје.
Мирјана Малевска од Универзитетот на Југоисточна Европа смета дека темата мегуетнички односи во Македонија никогаш нема да се надмине, но дека не треба да се дозволи таа да биде главна:

„Ние постојано ќе бидеме зафатени со оваа тема, не може да се спасиме од тоа. Но, тоа не значи дека постојано треба да влегуваме во криза. Кризата во мај е резултат на повеќе фактори, но еве некои од нив ми паѓаат на памет: ние сме нација која не знае да се држи до збор, и кои не знаат да се држат до словото на зкаонот,“

вели Малевска

Од политичките партии на оваа тема мегусебни обвинувања

„Проблемот е дека имаше други, првенствено од опозицијата коишто сакаа да бидат доминантни други прашања,“

изјави Влатко Горчев од владеачката ВМРО-ДПМНЕ

Претставниците на опозицијата пак велат владата е виновна што се наметнаа етничките прашања. Според нив за успех на мегународен и економски план, предуслов се стабилни мегуетнички односи, прашање што владата сакаше да го игнорира

„Премиерот поради своето неискуство во политиката и неговиоит начин на водење на политика, што всушност е посочено во извештајот на ЕУ, избра да игнорира два приоритети, едниот на којшто ние укажувавме за односите во меѓуетничката сфера и сето тоа се враќа за жал негативно на нашата земја,“

изјави Андреј Жерновски од опозициската ЛДП.
XS
SM
MD
LG