Достапни линкови

Придонесот е поефикасна државна управа, сметаат експертите


Со функционирањето на Управниот суд ќе бидат заштитени повеке права на граѓаните, а ќе се придонесе државната управа да биде поефикасна, вели стручната јавност:

„Бенефициите се: зголемување на дијапазонот на контрола на актите на администрацијата. И оние што до сега не беа опсервирани со контрола или не можеше да се води контрола на тие акти,“

изјави професорот Борче Давитковски експерт по управно право кој е автор на законското решение за судот.

Освен правата што ги имаа граганите досега, да се пожалат на работата на органите на управата, како спорови што се однесуваат на право на пензија, здравствено осигурување, вработувања и слично, во иднина се предвидени и нови надлежности или опфатени се и прашања по кои граганите досегаа немаа право на жалба, како поднесување жалби против актите на локалната самоуправа која досега беше контролирана само од централната власт, прашања за неправилности во текот на изборите, управни договори каде спагаат јавните набавки, концесиите каде учесниците во постапката за добивање на концесија досегаа немаа право на никаква заштита. Она што е од особено значење е тоа што Судот ќе постапува и по акти за избрани и именувани функционери

„Актите на владата кога избира директор на управа, на управен одбор или на клиника или дирекција, а од друга страна и указите коишто претседателот на државата определува или разрешува одреден амбасадор или функционер коишто се во негова надлежност. Знаете, има Агенција за разузнавање и други каде што претседателот е надлежен. Против тие акти се немаше до сега правна заштита, сега и против тие акти незадоволното лице мора да му се даде правна заштита,“

вели професор Давитковски

Сепак тој укажува дека ке треба подолго време да се почувствуваат бенефитите поради повеке причини

„Пролонгирањето очигледно половина година и повеќе. Има голем мираз од 9,000 предмети коишто веднаш ќе им се дадат на судиите на разгледување. Тие колку што разбрав немаат ниту стручна служба. Јас не верувам дека во наредните две – три години ќе имаме брза заштита.“

изјави Давитковски.

И адвокатите скептични за резултатити на краток рок

„Не очекувам дека ќе има нешто спектакуларно затоа што сеуште е во фаза на конституирање и не започнал да работи како што треба,“

вели адвокатот Шпенд Деваја.
XS
SM
MD
LG