Достапни линкови

Опозицијата стравува дека поради актуелната политичка клима Советот може да биде само декларативен


Формирањето на Национален совет за евроинтеграции се најде на дневен ред на собранието. Но, уште пред старот на неговото формирање, власта и опозицијата почнаа со мегусебни префрлања чија е идејата, а спорат и околу составот на членовите во Советот. Колку од на самиот старт не демонстрирањето на еднаквост, од Советот за евроинтеграции може да се очекува функционалност или за ставовите за битните прашања од областа на евроинтеграциите повторно клучни ќе бидат лидерските средби? Опозицијата иако го поддржува формирањето на Советот со повеќе забелешки:

„Тоа е нешто што ме загрижува. Ако направиме нешто за што уште од стартот сите се сомневаме дали тоа ќе биде функционално, ако уште во стартот се расправаме чија била идејата, се плашам дека тој Совет ќе биде само декларативен. Ако треба да биде декларативен тогаш подобро и да не го правиме.“

Изјавува Роза Топузовска Каровска од ЛДП. И ДУИ смета дека Советот може да ја доживее судбината на само декларативно формирано тело со оглед на актуелната политичка клима во земјата. Азис Положани од оваа партија посочува:

„Мислам дека во дадениот момент, довербата меѓу чинителите во политичкиот живот во Македонија е на таков низок степен и тешко е да продуцира ефективни политики во било кој правец.“

И во партијата од власта, која што го предложи формирањето на Националниот совет за евроинтеграции НСДП на став дека се ќе зависи од политичарите:
„Е сега дали ќе биде тоа во функција на, изгласавме, а дали ќе функционира? Тоа сепак од нас ќе зависи.“

Вели Горан Мисовски од НСДП. Во ВМРО ДПМНЕ посочуваат дека опозицијата мора да покаже добра воља околу функционирањето на Советот со оглед на тоа како што вели Александар Спасеновски од оваа партија консензусот кај сите, околу европските интеграции на државата:

„Меѓутоа во крајна линија дури и најдобрите институции и најдобрите намери зависат од посветеноста на поединците, и од нивната воља да работат за општествениот, а не за партикуларниот интерес.“

Националниот совет за евроинтеграции според предлогот на НСДП треба да брои 17 членови меѓу кои од власта, опозицијата, од кабинетот на претседателот, собраниски комисии, од здружението на новинари, невладини организации... НСДП предлага со него да раководи пратеник од редот на опозицијата. Опозицијата пак бара во Националниот совет покрај предложените да членува и премиерот.
XS
SM
MD
LG