Достапни линкови

Дали САД користат нехумани методи за да ги натераат осомничените за тероризам да зборуваат?


Дали Соединетите Држави користат нехумани методи за да ги натераат осомничените за тероризам да зборуваат? Ова е прашањето кое постојано се поставува и повторно е тема на разговор и етичка дебата во Соединетите Држави.

Прашањето за тоа дали Соединетите Држави применуваат тортура врз осомничените терористи неделава е повторно главна тема во медиумите и за него се дебатира во конгресните сали.

Две работи ја разбрануваа полемиката. Тоа се зборовите на еден поранешен претседател и тврдењата во еден весник за постоење на тајни владини меморандуми.

Поранешниот претседател е Џим Картер, кој во интервју за BBC и CNN изјави оти верува дека Соединетите Држави применуваат тортура за да добијат информации од затворениците кои се осомничени за тероризам. Картеровите забелешки беа поттикнати од еден текст во весникот Њујорк тајмс каде што се споменува постоење на два тајни документа од правниот оддел, а во кои детално се објаснува употребата на нехумани методи на испрашување.

Претседателот Џорџ Буш силно го одбрани однесувањето на администрацијата кон осомничените терористи.

„Имаше многу зборување во весниците и телевизиите за програмата за притворање и испрашување на терористите и екстремистите. Таа програма ја воведов со причина, а тоа е подобра заштита на американскиот народ.“

И како и порано Буш истакна дека Соединетите Држави не применуваат тортура врз затворениците.

„Владата не ги мачи луѓето. Ние ги почитуваме американскиот закон и меѓународните обврски. “

Ова пак ги става двајцата претседатели, поранешниот и актуелниот во позиција јавно да се препукуваат за едно од најчуствителните прашања меѓу Американците. Цитирајќи извори од поранешната и актуелната администрација кои ги виделе документите, весникот пишува дека во 2005 година правниот оддел донел тајна одлука со која се дозволуваат некои од најтешките техники на испитување кој дотогаш биле користени од Американската агенција за разузнавање.
Според весникот постои и втор документ во кој пишува дека ниту една техника на испрашување на ЦИА не се смета за тортура. Ваквата одредба ја штити администрацијата од правните аргументи, и со неа се заборава употребата на тортура од страна на агентите на ЦИА.

Сепак, клучното прашање е дали Американскиот конгрес е соодветно информиран за тоа како се третираат затворениците.

Но, едно нешто е сигурно. А, тоа е дека недоразбирањата за тоа како Соединетите Држави се однесуваат со осомничените терористи ќе го достигне врвот во претстојната претседателска трка. Кампањата е веќе во тек, иако Американците нема да излезат на гласање до ноември следната година.
XS
SM
MD
LG