Достапни линкови

Погребната церемонија пред „Македониумот“


Километарска траорна поворка од илјадници роднини, пријатели, граѓани на Крушево и Македонија, со длабока болка и тага, со венци свежи цвеќиња денеска се простуваат од македонската мега ѕвезда Тоше Проески, кој трагично загина вчера утро во местото Нова Градишка во Хрватска. Крушевчани, сограѓаните на Тоше, му оддаваат последна почит на секоја улица. Со солзи во очите, со лелек и плач поради бескрајната тага за големата загуба на Крушево и на Македонија, како што велат воопшто на поп музиката:

„Најдоброто дете во градот, најдобриот човек, не знам немам зборови. Сите деца ги шеташе со џипот. Сите деца.“
„Не можам да се смирам, ова е голема загуба за градот за Македонија. Човек што го познава цела Европа, Америка, Австралија.“


Изутринава во црквата „Пресвета Богородица“, во близина на родната куќа на Проески, се одржа упокоена Божествена литургија за покој на душата на македонската поп икона, со која чино началствуваше владиката Петар:

„Да жалиме умерено, како вистински христијани, кои знаат дека тука на земјата сме гости, тука сме патници, некои порано, некои подоцна ќе го изодиме овој пат, за да стигнеме во вечното царство. Ќе го напуштиме нашиот времен град, како што Тоше го напушти Крушево за да го задобие вечниот град, вечниот Ерусалим.“

На опелото присуствуваа, покрај блиските роднини и пријатели, почит му оддаваше и висока владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, а пристигна и неговата менаџерка Љиљана Петровиќ. Сега телото на македонската поп ѕвезда е изложено пред споменикот „Македониум“, да се простат од него, сите граѓани кои го сакаа, почитуваа неговата музика и кои во моментов ја чувствуваат огромната загуба. Пред споменикот „Македониум“, подоцна ќе се одржи комеморација во споменн на Проески, а погребот ќе се изврши во 13 часот со највисоки државни почести. Погребот на Тоше го следат многу медиумски екипи од Србија, Црна Гора, Хрватска и други соседни држави.
XS
SM
MD
LG