Достапни линкови

Претставниците на малите заедници скептични околу транспарентноста на процесот


Министерството за одбрана до крајот на годината ке вработи околу 200 Турци и повеќе од 150 Роми како професионални војници.Условот кој треба да го исполнат кандидатите е да имаат завршено средно образование,да се државјани на Македонија, да служеле војска со оружје и да не се постари од 27 години .Но од Сојузот на турските невладини организации и од граѓанското здружение на Роми велат дека ова кампањата која ја спроведува министерството за одбрана не е доволно транспарентна.

„Таа кампања не е доволно присутна во медиумите на јазиците на заедниците. Од друга страна, голем дел од нашите деца што би сакале да се запишат таму и тие психолошки тестови кои што ќе признаете и самите, дека може секој да падне.“

„Сметам дека ако начиниот на конкурирање е транспарентен, имаме млади Роми, кои се образовани и не гледам проблем дека треба да бидат одбиени или да се озврши било каква манипулација,“


велат Фадил Хоџа и Фатма Бајрам преставници на овие здруженија.

Тие исто така објаснуваат дека нивните етнички заедници располагаат со задоволителен број на млади луѓе со завршено средно образование.

„Во последните десет години бројот на децата во средните училишта од турската заедница значително се зголеми и не гледам причини зошто децата од оваа заедница не би се вработиле во структирите на АРМ.“

„Кога сите други би можеле, и Ромите можат, зошто да не? Но, ако сака некој да каже дека не сака некого да прими, тогаш навистина е друг проблемот.“


За психофизичките тестови за кои сите мислат дека тешко се поминуваат,портпаролот на министерството за одбрана Захарија Вулгаракис вели:

„Тие тестови се направени од професионалци и потоа луѓето треба да ракуваат со боева муниција и оружје. Тестовите не се тешки, може секој да се пријави и ако е доволно спремен, нормално дека ќе го вработиме како професионален војник,“

објаснува Вулгаракис и додава дека идните професионални војници ке имаат можност да учествуваат во мисии во странство,каде што ке можат да заработат и до 3.000 долари месечно.

Од Министерството за одбрана информираат дека поголем акцент се става на ромската и турската етничка заедница,бидејки како што велат,процентот на Албанците, Србите и на Власите е речиси достигнат

Огласот за вработување во редовите на македонската армија ќе трае во наредните 15 дена.За тоа време, тимови на Министерството ќе одат низ општините и ќе одржуваат средби со младите и ќе им ги презентираат можностите за работа во АРМ.
XS
SM
MD
LG